Меѓународни финансиски институции
Институционална поставеност
Европската банка за обнова и развој (www.ebrd.com) е основана во 1991 година со цел финансирање на структурни проекти во поранешните социјалистички земји од Централна и од Источна Европа, поддржувајќи ги во фазата на транзиција кон пазарна економија. Банката е во сопственост на 60 земји и 2 меѓувладини институции (Европската заедница и Европската инвестициона банка), со запишан капитал во вкупен износ поголем од 20 милијарди евра. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) не ја користи директно оваа цврста капитална база за финансирање проекти, туку се задолжува на меѓународните пазари на капитал, постојано придржувајќи се на здравите банкарски принципи.
Банката промовира кофинансирање и странски директни инвестиции, го мобилизира домашниот капитал и обезбедува техничка помош, работи со банки, индустрии и бизниси, како и со јавни претпријатија. Таа работи во 27 земји од Централна Европа до Централна Азија, во кои што се почитуваат демократските принципи.
Раководната структура на Банката ја сочинуваат Одборот на гувернери (на кој му се доделени сите овластувања), Одборот на директори (одговорен за општото работење и за политиките) и претседателот (правен застапник на ЕБОР, избран од страна на Одборот на гувернери, кој раководи со работата на Банката според инструкции од Одборот на директори).
Пристапот на ЕБОР во решавање на сложените транзициски предизвици се заснова на стратегии, политики и процедури. Разликата помеѓу земјите од регионот во кои работи Банката е голема, па таа ги приспособува своите производи и се насочува секторски за да ги задоволи конкретните пазарни потреби на секоја земја. Се развиваат и следат стратегии за земјите, поединечно за сите 27 земји во коишто работи. Исто така, Банката има и секторски политики, во кои формално се утврдува стратегијата за следниве сектори: земјоделство; енергетика; општинска инфраструктура и животна средина; природни ресурси; сопственост; шпедиција; транспорт; телекомуникации, информатика и јавни гласила.
Финансирањето проекти е основната дејност на ЕБОР. Банката обезбедува финансирање со заеми и акционерски капитал, гаранции, лизинг, поддршка на трговија и, исто така, го финансира професионалниот развој преку програми за поддршка. Конкретните решенијата се креираат според потребите на клиентот и на проектот, како и според специфичната состојба во земјата, регионот и секторот. Досега, ЕБОР има доделено повеќе од 22,7 милијарди евра за проекти во приватниот и во државниот сектор.
Големите проекти на Банката се движат од 5 милиони евра до 250 милиони евра (повеќе од 20 милијарди евра се обезбедени за над 800 големи проекти). Овие проекти треба да ги исполнуваат основните услови, како што се: да бидат профитабилни и да се од значење за локалната економија, да ги задоволуваат стандардите за заштита на животната средина, да бидат дополнително финансирани од спонзори и од други ко-финансиери.
Малите проекти речиси секогаш се финансирани преку финансиски посредници, како што се комерцијалните банки, банките за микробизниси, капиталните фондови и институциите што работат со лизинг, на тој начин обезбедувајќи им на претприемачите и на малите фирми поголем пристап до финансиски средства.
Програмата за олеснување на трговијата обезбедува кредитни олеснувања во форма на гаранции од ЕБОР, издадени во корист на меѓународни комерцијални банки. Банката, исто така, обезбедува директно финансирање на банките во регионот со цел понатамошно позајмување на локалните компании за трговски активности.
ЕБОР е активна со следните програми за поддршка на развојот на деловните активности:
ЕБОР во Република Македонија
За подетални информации за завршените и тековните проекти посетете го следниов линк: www.sep.gov.mk/cdad
Лице за контакт од СЕП:
Софче Зафировска
Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
e-mail: sofce.zafirovska@sep.gov.mk
тел: (02) 3200 243