Новости
вторник, 10 јули 2018 14:22
Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања Државниот советник за европски политики и
координација, Драган Тилев оствари средба со Амбасадорот на Република
Бугарија во нашата земја, Иван Великов Петков, при што изрази честитки за
исклучително успешното претседавање на Бугарија со Советот на ЕУ и
реализацијата на извонредно важниот Софиски Самит. Посебна тема на средбата
беше и Софиската Декларација и Приоритетната агенда, вклучително и можностите
за утврдување на потенцијални проекти од заеднички интерес.