Новости
четврток, 21 јуни 2018 10:43
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денeска во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со Вишиот Заменик Генерален директор на одделот за Блискиот Исток и Европа во рамките на Јапонската агенција за Меѓународна соработка (JICA), Чи Миуахара, која го информираше за приоритетните области на соработка во рамкте на новата јапонска иницијатива за соработка во земјите од Западен Балкан.
„Имаме успешна билатерална соработка веќе 20 години, која
има покажано конкретни и одржливи резултати, преку која се имплементирани
значајни проекти во Република Македонија и од која пред сè имаат корист
граѓаните“, истана Османи, посочувајќи притоа на исклучително значајната јапонската
помош во здравствениот сектор, како што е донацијата на медицинска опрема и
возила за примарната здравствена заштита во повеќе општини, која и ден денес се
употребува.
„Јапонија се покажана како вистински пријател на
Македонија, кога во 2016 година, за време на кризата со поплавите, обезбеди
ургентна помош од над 100.000
евра кога ни беше најпотребно за надминување на последиците од поплавите.“ -
истакна Османи, посочувајќи ја како значајна и помошта која јапонската Влада ја
обезбеди за земјава за справување со мигрантската криза.
Османи изрази уверување дека соработката меѓу двете земји
ќе се прошири и продлабочи,, особено во рамките на новата јапонската
иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, и тоа во дефинираните
приоритетните области на Иницијативата, како што намалување на ризикот од
катастрофи, развој на приватниот сектор, животна средина итн. Во таа насока
Вицепремиерот информираше дека Спогодба за техничка соработка меѓу владите на Јапонија и Република
Македонија е во фаза на финална консултација и дека очекува наскоро истата да
биде потпишана.
„Како држава се наоѓаме
во исклучителен може да се рече историски период. За неколку дена очекуваме
позитивна одлука од Брисел за почеток на преговорите за полноправно членство во
Европската Унија, по што општеството ќе влезе длабока трансформација, за што,
секако добредојдена ни е помошта од сите наши пријатели, а Јапонија ја сметеме
за еден од поважните“ истакна Османи.