Новости
понеделник, 11 јуни 2018 14:36
Денеска (11. јуни,)
во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на
Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи
одржа средба со експертите кои се дел од Оценската мисија организирана од
страна на Европската Унија. Истата има за
цел да ја процени ефикасноста и ефективноста на системот на управно право во
државата и тоа во два сегменти во управната постапка и управните спорови. На
средбата со која и официјално започнува оваа мисија присуствуваа и Министерката
за правда, Рената Дескоска и Министерот за информатичко општество и јавна
администрација, Дамјан Манчевски.
„Владеењето на правото претставува
фундамент во изградбата на современо ефикасно и демократско општество и
воедно е најважната придобивка за граѓаните од процесот на европски интеграции“
потенцираше Османи за време на средбата, во овој контекст тој додаде дека од особено значење за напредокот на
Република Македонија е подобрување на судскиот систем особено во делот на
управните спорови во јавната администрација на централно и локално ниво.
Имајќи предвид дека
е потребен добро функциониран систем на управна правда за силно, независно и
ефективно судство, претстојната мисија нуди одлична можност за да се процени
системот на управно одлучување во Република Македонија, оцени Османи.
Оценската мисија ќе трае четири работни дена,
по кое ќе следи подготовка на конечен Извештај со препораки кои ќе бидат
составен дел од реформските процеси.