ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: НАРЕДНИТЕ ЧАСОВИ МОЖАТ ДА БИДАТ КЛУЧНИ ЗА ИСХОДОТ ОД ПРЕГОВОРИТЕ
12:30, четврток, 07 јуни 2018

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со Министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на дводневната посета работна посета на Брисел остварија средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

На средбата Вицепремиерот Османи ја информираше Потпретседателката за новиот реформски План 18, со кој Македонија останува посветена на реформскиот процес и по добивањето на препораката и позитивниот извештај на Европската Комисија.  Планот 3-6-9 создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, Планот 18 претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи, сѐ до почетокот на преговорите“ – истакна Османи.

На средбата Османи информираше и за остварениот напредокот во односите меѓу Република Македонија и Република Грција, изразувајќи притоа задоволство од постигнатиот напредок во затоплувањето на односите, имплементацијата на мерките за градење доверба, деескалација на политичките несогласувања, но и задоволство од напредокот во разговорите околу спорот за името.

„Имаме сериозен напредок и како никогаш порано двете земји не биле поблиску до решение. Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите и се надевам дека евентуално позитивниот исход ќе создаде атмосфера за продлабочување на односите меѓу Македонија и Грција, како и услови за забрзано продлабочување на евроатланската перспектива на Македонија “ – додаде Османи.

На крајот од средбата Вицепремиерот Османи ги изрази своите очекувања дека постигнатиот напредок во имплементацијата на реформите, но и во отстранувањето на политичките пречки, ќе биде соодветно валоризиран на претстојните Самити на Унијата на крајов на месецов со што ќе се запечати европската иднината на Македонија, но и евроатланската ориентација на сите земји од Западен Балкан.

Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок за Нацрт Планот 18
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ИМПЛИЦИРААТ ДЛАБОКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ЗА ШТО СЕКОЈА ПОМОШ НИ Е ДОБРЕДОЈДЕНА
15-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Скопје, 19-20 јуни 2018 година
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД НОРВЕШКА ЈА ОЧЕКУВАМ И ЗА ВРМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА
ОСМАНИ: ИСКУСТВАТА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА ЌЕ ГИ СПОДЕЛИМЕ И СО НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СОСЕДИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.