Билатерални донатори
ОРИО програмата претставува билатерален трговски и инвестиционен инструмент наменет за финансирање на јавни инфраструктурни проекти во земјите во развој, кои се развиваат и реализираат преку партнерска соработка помеѓу Владата на земјата корисник и меѓународната бизнис заедница. Финансиската помош предвидена преку ОРИО е достапна за користење и за единиците на локалната самоуправа, но единствено во соработка и со поддршка од ресорно министерство, при што апликацијата за предвидениот проект се поднесува од страна на соодветното министерство.
Проектите кои се спроведуваат преку ОРИО програмата се финансирани преку Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, додека за имплементацијата на истите е задолжена Холандската агенција за меѓународна соработка. Вкупниот буџет за ОРИО програмата на годишно ниво изнесува околу 180 милиони евра, наменети за финансирање на проекти во 50-ина земји во развој, вклучително и за Република Македонија.
Програмата овозможува поддршка на сите фази од проектниот циклус, при што се предвидува финансирање на околу 50% од буџетот неопходен за фазата на развој на проектот и околу 35% од буџетот неопходен во оперативната фаза, фазата на имплементација и трошоци за функционирање и одржување на системите во рок до 10 години. Согласно утврдените правила и принципи за користење на ОРИО, вкупната буџетска рамка по проект не треба да изнесува помалку од 2 милиони евра, односно не повеќе од 60 милиони евра.
ОРИО повикот за апликации за 2012 година е официјално отворен и истиот ќе трае до 31 август 2012 година, или додека средствата од буџетот за ОРИО за 2012 година не се потрошат.
Почнувајќи со овој повик, ќе влезат во примена делумно променетите правила за ОРИО. Најголема промена е воведувањето на правилото “прв пријавен, прв услужен” врз основа на кое ќе бидат разгледувани апликациите, односно проектите. Исто така, одсега па натаму нема да постои дистинкција помеѓу приоритетните проекти по земја, односно проекти од сите инфрструктурни сектори погодни за поддршка во рамки на ОРИО (вода, животна средина, енергија, транспорт, информациски комуникациски технологии, социјални услуги и градежен сектор) ќе може да се финансираат во секоја од земјите од листата на ОРИО земји.
Проектите најнапред ќе се оценуваат од аспект на исполнување на формалните административни барања. Доколку проектот не ги исполнува овие барања, апликантот може да ја повлече или да ја дополни апликацијата. Во тој случај, апликацијата нема да ја задржи првичната позиција од аспект на правилото “прв пријавен, прв услужен”.
Апликациите кои ги исполнуваат административните барања ќе бидат земени во предвид за разгледување на нивните формално суштински барања врз основа на 5 критериуми: релевантност, ефективност, влијание, ефикаснот и одржливост. Преоктот може да биде оценет како “задоволителен” или ”незадоволителен” во поглед на секој од критериумите. За да проектот биде погоден за ОРИО грант неопходно е да биде оценет со “задоволителен” во поглед на секој од 5те критериуми. Дополнително, процедурата предвидува средба на која проектот ќе биде разгледан и дискутиран со апликантот, а на која покрај останатите ќе бидат присутни и претставници од Амбасадата на Кралството Холандија и надворешни експерти. Ваквата дискусија може да биде оставрена на средба во Хаг или пак преку телегонска конференција.
Промените во ОРИО правилата, покрај останатото, предвидуваат и промени во ОРИО формуларот за аплицирање. Освен промените кои ги рефлектираат претходно споменатите промени, формуларот за аплицирање е прилагоден во насока на обезбедување повисок степен на јасност за апликантот. Насоките за пополнување на формуларот за аплицирање се објаснети во Прирачникот за ОРИО.
Целата потребна документација поврзана со ОРИО може да се најде на следната веб страница: http://www.agentschapnl.nl/en/node/50436
За дополнителни информации може да се посети официјалната страна за ОРИО: http://www.orio.nl
Холандската агенција за меѓународна соработка е задолжена за имплементација на ORIO програмата: http://www.agentschapnl.nl/en
Контакт од Секретаријатот за европски прашања:
Орхидеја Каљошевска, Раководител на Сектор за координација на ЕУ фондови и друга странска помош
Orhideja.kaljosevska@sep.gov.mk, тел. 3200 139, и
Софче Крстиќ, Раководител на Одделение за билатерална и мултилатерална помош
Sofce.zafirovska@sep.gov.mk, тел: 3200 219