ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: РЕАЛИЗИРАВМЕ ПРЕКУ 90% ОД ПРЕДВИДЕНИТЕ РЕФОРМИ И 100% ОД СУШТИНАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9
15:45, понеделник, 16 април 2018

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во пресрет на утрешното излегување на Извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, му го предаде на Евроамбасадорот Самуел Жбогар, финалниот фактографски извештај за реализација и имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9.

„Реализиравме преку 90% од предвидените реформи во Планот 3-6-9 и 100% од неговата суштина. Планот ја постигна неговата цел и ја врати земјата на евроатланскиот пат“ – Истакна Османи при предавањето на извештајот на Евроамбасадорот Жбогар. Тој додаде дека согласно испорачаните резултати, очекува убави вести утре од Брисел за Македонија, при претставувањето на Извештајот на Европската Комисија за земјава.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада, чија цел беше одмрзнување на реформскиот процес во Република Македонија и враќање на државата на евроатланскиот пат. Делот три беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, додека делот шест заврши со излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025.

Периодот за имплементација на делот девет, т.е. на целиот План 3-6-9 истекува утре, 17 април, со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава. За таа цел, вечерва точно на полноќ, деталниот Фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9 ќе биде објавен на веб страната на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk   

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.