ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: АВТОРИТЕТОТ НА ЕПП Е НЕСПОРЕН ВО МАКЕДОНИЈА И МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ИЗГРАДБАТА НА КОНСЕНЗУС
16:58, петок, 23 март 2018

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со претставници на Европската народна партија (ЕПП) во рамките на Европскиот Парламент, предводени од европратеникот, Андреј Ковачев.

На средбата , Вицепремиерот Османи реферираше за статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9, особено во делот на реформите на правосудниот систем, реформите на безбедносните служби, како и реформите на јавната администрација како приоритетни области предвидени со Извештајот на високата експертска група, но и во Извештаите на Комисијата.

„Се наоѓаме во исклучително важен, може да се рече, историски период, кога ни е неопходен национален и општествен консензус ,за да ги донесеме вистинските одлуки, да ги реализираме визиите и плановите за просперитетна евро-атлантска Македонија, пред се, затоа што граѓаните тоа го бараат од нас.” - истакна Османи. Во оваа насока Османи побара од претставниците на Европската народна партија да се вклучат со својот авторитет, не само во асистенција на Владата при имплементација на реформите, туку и директно кај политичките партии од сите страни на политичкиот спектар, во насока на изградба на потребниот консензус.

Османи посочи и на активностите кои се преземаат за навремена подготовка на Владата за старт на имплементација на предвидени шест носечки иницијативи кои произлегуваат од Стратегијата за проширување на Европската Комисија за земјите од Западен Балкан до 2025 година.

Пратениците на ЕПП од европскиот парламент се во посета на Македонија, со цел скенирање на состојбите во државата и имплементацијата на реформите. Средбата се одржува во многу важен период за европската интеграција на нашата земја, непосредно пред објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија на европскиот пат.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.