ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМ ИЗГРАДБАТА НА ДОВЕРБАТА ДА РЕЗУЛТИРА СО ЗАТВОРАЊЕ НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА
14:55, петок, 23 март 2018

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас кој е во работна посета на земјава.

Теми на разговор на средбата е напредокот во меѓусебната соработка, активностите на двете земји за унапредување на комуникацијата, како и мерки за градење доверба меѓу двете земји. „Имаме голем напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества“ - подвлече Османи, изразувајќи надеж дека тоа набргу ќе резултира и со надминување на отворените прашања.

За време на средбата Османи изрази надеж дека во периодот што следи ќе се засилат мерките за градење доверба во сите области: економијата, културата, образованието, екологијата, меѓуграничната соработка, енергетиката, транспортот, итн., со што, покрај изградбата на довербата меѓу општествата, граѓаните ќе можат и директно да ги почувствуваат бенефитите од оваа соработка. Во овој контекст Османи изрази задоволство од успешниот старт во импелметнацијата на мерките за доверба, како што е преминувањето на земјава во втората фаза од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, како и пристапот до Јадранско – Јонскиот регион.

Во продолжение Османи ја акцентираше успешната билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, која е исклучително позитивна во делот на искористување на средствата од ИПА во проектите за прекугранична соработка, како и соработката во рамки на твининг проекти и инструментот ТАЕКС.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.