ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: НАША АМБИЦИЈА Е ДА ГИ ЗАПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЗА ВРЕМЕ НА АВСТРИСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО
13:23, петок, 09 март 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, ја пречека делегација од Република Австрија предводена од Раководителот на Секторот за Западен Балкан и проширување на Европската Унија при австриското Федералното Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, Клаус Велфер, а во чии состав беа и Амбасадорите на Република Австрија во земјите од регионот. Средбата претставува дел од пошироката активност на Австрија за подлабоко скенирање на состојбите во земјите од Западниот Балкан, пред јунското преземање на Претседателството од страна на земјата со Советот на ЕУ.

Османи на средбата изрази благодарност од досегашната поддршка од страна на Австрија за нашите евроатлантски аспирации и изрази надеж дека за време на австриското Претседателство со Советот на ЕУ тие ќе продолжат активно да работат на процесот на проширување и изрази очекување дека австриската поддршката за Република Македонија и нејзините евроинтегративни процеси ќе продолжи со забрзано темпо, што на крајот би било крунисано и со преговори за членство во Унијата. „Ако Претседателството на Бугарија со советот за ЕУ за нас претставуваше еден вид отскочна даска за враќање на земјава на европскиот колосек, наша интенција е за време на Претседателствувањето на Австрија да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, изрази Османи.

Во тој контекст Османи се осврна и на содржината на пораките содржани во Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година посочувајќи  дека Комисијата испрати јасни пораки дека Македонија треба да очекува чиста препорака за почеток на преговори со следниот извештај, но и согласно отстранувањето на политичките пречки, и одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на преговори. „Добивме исклучително позитивни пораки од страна на Европската Комисија, со кои се валоризира досегашниот напредок во имплементацијата на реформите и подготовката на земјата за напредок во европските интеграции, но и шанса за приклучок на динамиката 2025 на Европската Комисија“ истакна Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок за Нацрт Планот 18
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ИМПЛИЦИРААТ ДЛАБОКА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО ЗА ШТО СЕКОЈА ПОМОШ НИ Е ДОБРЕДОЈДЕНА
15-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација Скопје, 19-20 јуни 2018 година
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД НОРВЕШКА ЈА ОЧЕКУВАМ И ЗА ВРМЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА
ОСМАНИ: ИСКУСТВАТА ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО УНИЈАТА ЌЕ ГИ СПОДЕЛИМЕ И СО НАШИТЕ НАЈБЛИСКИ СОСЕДИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.