ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ИСКРЕНА ПОДДРШКАТА ОД ФРАНЦИЈА ВО КЛУЧНИТЕ МОМЕНТИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА МАКЕДОНИЈА
12:22, понеделник, 19 февруари 2018

Денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, по повод потпишувањето на писмото, со кое, техничкиот експерт од Република Фрнација, Франсоа Лафонд и формално стана дел од тимот на Секретаријатот за европски прашања.

Османи се заблагодари на искрената поддршка од страна на Франција за Република Македонија, потенцирајќи ја улогата на Франција, како многу важна земја членка на Унијата, во зацврстувањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан. „Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот“, истакна Османи на средбата.

За време на средбата Вицепремиерот Османи се осврна и на новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година притоа потенцирајќи дека истата претставува една од најважните инцијативи на Европската Комисија за овој регион, затоа што директно покажува дека Европската Унија го враќа фокусот на регионот, а процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан - повторно високо на агендата на Европската Унија. „Стратегијата го валоризираше напредокот што како Влада го постигнавме изминатиов период, но и отвори огромна можност за нашите европски перспективи во периодот што следи, за чии успех очекувам придонес и од г-нот Франсоа Лафонд“, изјави Османи.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.