ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД САД ПРЕТСТАВУВА ОСНОВА НА КОЈА Е ИЗГРАДЕН НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
17:37, среда, 14 февруари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со в.д. Директорката на канцеларијата за Југоцентрална Европа при Стејт Департментот на САД, Сузан Фалатко.

 

Вицепремиерот Османи изрази искрена и длабока благодарност до соговорничката од САД, потенцирајќи го притоа значењето и влијанието кое САД го имаат врз развојот и напредокот на Република Македонија. „Скоро и да не постои некој позначаен политички или државен успех во Република Македонија, што не е постигнат со искрена и несебична помош на САД“ истакна Османи, посочувајќи ги притоа како пример Независноста на државата, Рамковниот договор, привремената спогодба со Грција, територијалната организација итн.

 

Османи го потенцираше европскиот моментумот во кој се наоѓа земјата, особено по објавувањето на Стратегијата од страна на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, во чија содржина Македонија доби валоризација на напредокот што го испорача изминатиов период, но и шанса за приклучок кон предводниците на процесот меѓу земјите од Западниот Балкан. „Добивме исклучителна можност, согласно успешно имплементирање на реформите, но и со адресирање на отворените политички прашања, да почнеме преговори за полноправно членство во Европската Унија и да ја се приклучиме на динамиката за влез до 2025 година“, истакна Османи. Османи го оцени периодот што следи како историски и клучен момент за европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија и порача дека очекува искрена поддршка од сите меѓународни пријатели, а особено од стратешкиот партнер - САД.

 

На крајот од средбата, Османи изрази уверување до Фалатко за ориентацијата на Македонија, но и на целиот регион на Западниот Балкан, која останува кон европските и евроатлантските интеграции, како суштинска стратешка определба за подобар живот на граѓаните.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.