ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПРОШИРУВАЊЕТО ПРЕТСТАВУВА ВЗАЕМЕН ИНТЕРЕС НА НАШИТЕ ЗЕМЈИ
19:24, вторник, 13 февруари 2018

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари заедничка средба со делегациите од Република Чешка и Република Словенија предводени од г. Јакуб Дур, заменик министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка и Изток Мирошич, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија.

Главна темата на средбата беше евроинтегративниот процес на Република Македонија, особено на европските перспективи и потенцијали кои произлегуваат од новата Стратегија на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година. „Стратегијата прецизно го валоризираше напредокот на Република Македонија и отвори историска можност за враќање на Република Македонија на европскиот колосек и нејзино приклучување кон динамиката 2025“ – изјави Османи, додавајќи дека оваа шанса претставува исклучително важен поттик за Владата, но и за целото општество, кое во моментов целосно е посветено на евроинтегративните процеси.

Вицепремиерот Османи изрази благодарност за досегашните заложби и поддршката од страна на Чешка и Словенија за процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и изрази надеж дека истата ќе продолжи и понатаму, особено оваа година, како година во која се очекуваат најважните чекори и одлуки за напредокот во процесот. „Словенија и Чешка имаат значајни врски со земјите од Западниот Балкан, и процесот на проширување претставува взаемен интерес“, истакна Османи, додавајќи дека претстои период на интензивен фокус кон Западниот Балкан, имајќи предвид дека по бугарското претседателство со Советот на ЕУ, следи претседавањето на Австрија и Романија - земји кои, исто како и Словенија и Чешка, имаат директен и посебен интерес за регионот.

Сподели ја содржината!
Вести
Инвестиции во железницата за диверзификација на транспортните решенија и побрз економски развој на Република Македонија
ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО
ОСМАНИ: ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ЗА ОБЕДИНЕТА ЕВРОПА Е НАШАТА СТРАТЕШКА ЦЕЛ
ОСМАНИ: ПОТРЕБНИ НИ СЕ ХРАБРИ ОДЛУКИ ДОМА, КАЈ СОСЕДИТЕ, НО КАЈ ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ
ОСМАНИ: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА ОДЛУКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.