ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: НЕ ТРЕБА НИКАДЕ ДА ОДИМЕ – НИЕ СМЕ ВО ЕВРОПА!
10:30, среда, 31 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Австрија, учествуваше на една од најпрестижните конференции во Европа, „Виена Конгрес КОМ – СУЛТ 2018“ (Vienna Congress com - sult 2018). Оваа година, под наслов - „Стратегија за иднината на Европа“, конференцијата во најголем дел беше фокусирана на развојот на настаните на Западниот Балкан, како и европските перспективи на земјите од регионот. Вицепремиерот Османи го имаше воведниот збор на првиот панел „Go West, Western Balkan!“, каде ги потенцираше своите видувања за состојбите со европските интеграции во Македонија, но и пошироко во целиот Балкански регион.

“Ако размислиме од каде потекнуваме историски, каде припаѓаме географски, но и каде сакаме да бидеме во иднина, ние не треба да одиме никаде, бидејќи ние сме веќе онаму каде што сакаме, ние сме во Европа!”- изјави Османи, додавајќи дека за членство во Европската Унија, сепак се потребни се суштински промени кај земјите од Западниот Балкан.

Во своето обраќање, Османи направи поширок осврт и на севкупниот процес на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, особено во пресрет на Стратегијата на Европската Комисија која треба да излезе за една недела, а во која земјите од регионот очекуваат јасни и цврсти пораки за нивните европски перспективи. Во тој контекст Османи го потенцираше и оптимизмот во целиот регион во поглед на предизвиците кои ги носи 2018 година, особено првата половина од годината кога ќе се носат клучните одлуки од страна на телата на Европската Унија, во насока на процесот на проширување.

„Имаме исклучително позитивен моментум, предводен од Претседателството на Бугарија со Европскиот совет, кое треба да продолжи со преземањето на претседателството на Австрија, а потоа и на Романија, при што секоја од нив претставува цврст поддржувач на процесот на проширување на Европската унија, но и секоја од нив има нескриен интерес за интеграција на земјите од Западниот Балкан во Унијата“, истакна Османи.

Во рамки на работната посета на Австрија Вицепремиерот Османи оствари средба и со Генералниот секретар при Министерството за надворешни работи на Австрија, Мајкл Линхарт, на која Османи побара директна поддршка од страна на Австрија за европските интеграции на Република Македонија во насока на започнување преговори за членство во Унијата.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.