ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ЈАСНИ ПОРАКИ ВО СТРЕГИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЦВРСТИ И СТАБИЛНИ ЕВРОПСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
11:28, понеделник, 29 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа брифинг со новинарите на кој иинформираше за евроинтегративниот процес на Република Македонија, поконкретно за имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9, отстранувањето на политичките пречки на евроинтегративниот пат, очекувањата во пресрет на Стратегијата на Европската Комисија, како и резултатите од својата мини балканска турнеја.

Османи на почетокот потенцираше дека земјата влегува во клучен период за евроатлантските интеграции, кога се очекуваат и клучните датуми за одредување на нашиот напредок во овие процеси и изрази задоволство од продуктивната средба на политичкиот и државниот врв, со која се отвора ново поглавје во креирањето на политичкиот дијалог во иднина, како една важна одредница за зрелоста на земјата, за постигнување политички напредок, но и како важен услов за нашите европски интеграции .

“За една недела, на 6 февруари излегува Стратегијата на Европската Комисија во која очекуваме Македонија да добие јасна порака за стабилноста и извесноста на нашите европски перспективи.” –истакна Османи.

На брифингот со новинарите Вицепремиерот Османи го истака и напредокот во имплементација на реформите од Планот 3-6-9 во клучните области (реформите во делот на Правосудството, реформата на безбедносните служби и надворешната контрола на полицијата и реформата на јавната администрација) како и напредокот во политичкиот дел т.е. во отстранувањето на политичките пречки на евроинтегративниот пат.

Османи накусо се осврна и на постигнувањата од својата мини балканска турнеја која започна со посетата на Атина на почетокот на годинава. “При мојата посета на Атина, на средбите со Катругалос и Коѕијас, ги дефиниравме активностите кои би можела да ги направи грчката страна, а кои се однесуваат на напредок во нашите евроинтегративни процеси.”- додаде Османи. Во таа смисла Османи изрази задоволство од финализацијата на овие мерки на средбата меѓу премиерите Заев и Ципрас, со што на Македонија ѝ се отвораат значајни можности од аспект на европските интеграции како што е влезот во втора фаза од Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација, но и пристап во Јадранско – Јонскиот регион земји.

„ Грција и Македонија почнуваат процес на реципрочни позитивни мерки и активности, кои треба да резултираат со зголемена доверба меѓу двете држави, меѓу двете општества, па ако сакате и меѓу граѓаните на двете земји како основен услов за создавање на позитивна клима во која може да се најде взаемно прифатливо решение за името.“ – изјави Османи на брифингот

 

Вицепремиерот Османи истакна дека при посетите на Тирана и Белград како дел од мини балканската турнеја клучен сегмент од средбите е постоењето на јасно изразен европски оптимизам и во Албанија и во Србија и одлучност да не се пропушти оваа шанса, овој прозорец на можности и да се постигне напредок во евроинтегративните процеси. Тоа, смета Османи, претставува јасен сигнал дека целиот регион во моментов е ориентиран кон европските перспективи што секако претставува добар знак и за европските перспективи на Република Македонија.

Во контекст на односите со соседите Османи потсети и на значајните средби во Скопје со Министерската за европски прашања на Република Косови, Дурата Хоџа, со кого беше одржан  првиот состанок на Заедничкиот комитет за европски интеграции помеѓу Република Македонија и Република  Косово, како и средбата со Вицепремиерот на Косово, Енвер Хоџај, со кого  беа договорени деталите околу претстојната заедничка владина седница меѓу Македонија и Косово

Османи најави продолжување на Мини балканската турнеја со посета на Софија: “Посетата на Софија очекувам да се реализира по објавувањето на Стратегијата за проширување на Европската Комисија, и која секако ќе биде во контекст на можностите за Македонија од претседавањето на Бугарија со Европскиот совет, како и нашите активности и подготовки за историскиот самит за проширување кој ќе се одржи во Мај, во Софија”- истакна Османи, додавајќи дека напредокот во добрососедските односи со Бугарија е на исклучително високо ниво, особено по ратификација на историскиот Договор за добрососедство во парламентите на двете земји.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.