ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ВРЕМЕ Е ЗА ПОМИРУВАЊЕ НА НАРОДИТЕ НА БАЛКАНОТ
13:39, среда, 24 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Република Србија оствари средба со Министерката за европски интеграции на Република Србија, Јадранка Јоксимовиќ.

На средбата беше дискутиран напредокот на односите меѓу двете земји, како и предизвиците со кои двете земји се соочуваат при приближувањето кон Европската Унија. “Ни претстои исклучително важен, може да се рече историски период од аспект на европските интеграции на двете земји. За безмалку две недели во Брисел ќе излезе Стратегијата за проширување на Европската Комисија, каде се надеваме на првите сигнали во насока на европскиот оптимизам од страна на Брисел за процесот на проширување. Во наредните месеци ги очекуваме и Извештаите за напредокот на земјите од страна на Европската Комисија, по што, во мај следува Самитот за проширување на Европската Унија во Софија”- истакна Османи.

На средбата беше потенциран новиот моментум во кој се наоѓаат земјите од Западен Балкан, кој беше оценет како историска шанса за помирување на народите на Балканот и затворање на сите отворени  прашањата, а во интерес на севкупната интеграција на Балканот во современите цивилизациските текови на Европа.

“Како претставници избрани од граѓаните да го предводиме овој процес, имаме обврска да не ја пропуштиме оваа можност, напротив, на секој можен начин да ја искористиме оваа шанса, и да покажеме дека и земјите од Западниот Балкан се европски земји; дека и земјите од Западниот Балкан можат да бидат дел од решението, а не дел од проблемот; и дека оваа наша определба не е само декларативна туку и суштинска”- додаде Османи на средбата.

Покрај средбата со Министерката Јоксимовиќ, во рамките на посетата на Белград Вицепремиерот Османи оствари средби и со Претседателот на Одборот за европски прашања во Парламентот, Ненад Чанак како и со координаторот на Националниот Конвент за ЕУ на Република Србија , Наташа Драгојловиќ .

Посетата на Белград е дел од мини балканската турнеја која Вицепремиерот Османи ја започна на почетокот на месецов со посетите на Атина и Тирана, а по посетата на Белград ќе продолжи и со посета на Софија.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.