ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ:МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ДЕЛАТ ИСТА ЕВРОАТЛАНТСКА ОРИЕНТАЦИЈА
12:38, четврток, 18 јануари 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес беше домаќин на Првиот Заеднички комитет за европски интеграции меѓу Република Македонија и Република Косово. Од страна на Република Косово беа присутни претставници од Министерството за европски интеграции на Косово предводени од Министерот за европски интеграции, г-ѓа Дурата Хоџа, а од Република Македонија покрај Вицепремиерот Османи беа присутни претставници на Секретаријатот за европски прашања и на Министерството за надворешни работи.

Состанокот се одржа во рамките на Спогодбата за соработка за прашања од областа на европската интеграција, потпишана помеѓу Секретаријатот за европски прашања и Министерството за европска интеграција на Република Косово.

Пред почетокот на состанокот во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се одржа прес конференција на која се обратија двајцата Министри за европски прашања. Вицепремиерот Османи изрази задоволство од одржувањето на овој прв состанок на Заедничкиот Комитет за европски интеграции меѓу Република Македонија и Република Косови, кое, како работно меѓудржавно тело, ќе ја одигра главната улога за размена на стекнати знаења, унапредувањето на меѓуграничната и регионалната соработка, размената на искуства, но и размена на идеи и предлози во насока на евроатлантските аспирации на двете земји.

Покрај придобивките од размената на меѓусебни искуства, на состанокот беа отворени и темите за досегашните активности во рамките на регионална соработка, особено во контекст на регионалната соработка во рамките на ЕУ фондовите како и за заедничките проекти во рамките на Берлинскиот процес.

“Покрај блиските билатерални односи, Македонија и Косово имаат иста евроатлантска ориентација, од што произлегуваат и заеднички регионални но и европски предизвици. Двете земји се мали земји, без излез на море, чии напредок зависи од успешната регионална соработка, но и интеграција во големите системи како што се Европската Унија и НАТО”- истакна Османи.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.