ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЕУ Е ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА, НО И ГОЛЕМА ШАНСА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
14:36, четврток, 04 јануари 2018
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, по повод преземањето на Претседателството со Европската Унија од страна на Република Бугарија, во просториите на МК-ЕУ Инфо центарот (Плоштад Македонија), оствари неформална средба со Амбасадорот на Република Бугарија, Н.Е. Иван Великов Петков. На средбата, Вицепремиерот Османи ги пренесе честитките од страна на Владата на Република Македонија до Република Бугарија за преземањето на Претседателството со Европската Унија, а се разговараше и за приоритетите на бугарското претседателство, политиката на проширувањето, интеграциите на Република Македонија, регионалната соработка како и други теми од меѓусебен интерес.
“Претседавањето со Европската Унија од страна на Република Бугарија претставува голема чест за Република Бугарија, но и голема шанса за Република Македонија, за остварување напредок за нашите европските интеграции” – изјави Османи за медиумите, тој додаде дека тоа го потврдува и мотото под кое Република Бугарија ќе претседава со Европската Унија – „Обединети сме посилни“, со што, и на симболичен начин се потврдува еден од клучните приоритети на бугарското претседателство - поддршка на процесот за проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан. “Бугарија ја сметаме за наш пријател, земја – лобист за нашите европски аспирации, а нивното претседателство за историска шанса за остварување значаен напредок на патот кон Европската Унија, Македонија и Бугарија имаат многу повеќе заеднички работи кои ги поврзуваат отколку работи што ги разделуваат” изјави Османи.
Вицепремиерот Османи уште еднаш го повтори ставот дека следните шест месеци претставуваат исклучително важен период за Република Македонија, историска шанса за остварување напредок во евроинтегративните процеси, при што ги повтори очекувањата на Владата: „Уште на почетокот на следниот месец ја очекуваме стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан, најавена од Претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, каде очекуваме соодветно да бидат забележани нашите европски перспективи за 2025 година. Уште повеќе, очекуваме вонредна, а потоа и редовна, чиста и безусловна препорака од страна на Европската Комисија за почеток на преговори за членство во Европската Унија. И сето тоа пред одржувањето на историскиот самит за проширување на унијата во Софија, каде очекуваме заклучоци со кои ќе се забетонира европската перспектива на Република Македонија и на целиот регион.“ – истакна Османи. Тој додаде дека и кон крајот на бугарското претседавање со Унијата, на Европскиот совет во јуни, очекува и на одлука од страна на Европскиот Совет за отпочнување преговори за членство со Република Македонија.

 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.