ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЕВЕНТУАЛНИОТ СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЌЕ ГО ДОЧЕКАМЕ ПОДГОТВЕНИ
12:08, среда, 27 декември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи учествуваше на Едукативно - дебатната сесија #EUROTALK каде пред претставници на граѓанското општество ги образложи состојбите со европските интеграции, досега постигнатите резултати, како и предизвиците кои нѐ очекуваат во 2018 година.

Во поглед на Планот 3-6-9 Вицепремиерот Османи изрази задоволство од имплементацијата на првиот дел од Планот, делот три, со чија имплементација се создадоа услови за одржување на фер, слободни и кредибилни локални избори - главна цела на првиот дел од Планот. Тој додаде дека имплементацијата на деловите Шест и Девет од Планот е фокусирана на приоритетните области реформите на безбедносните служби, реформите во правосудството, како и реформите на јавната администрација додавајќи дека Владата презеде обврска истите да ги имплементира заклучно со февруари 2018 година, пред излегување на стратегијата за проширување на Европската Комисија, која ја најави Претседателот на Комисијата Жан Клод Јункер.

„На вчерашната седница на Владата помина клучниот пакет реформи на безбедносните служби, заедно со пакетот реформи за механизмот за надворешна контрола на работат на полицијата. Со ова почнува процесот на затворање на едно од најтешките прашања – реформа на безбедносниот систем, како најзначајно прашање дефинирано во забелешките на високата експертска група предводена од Рајхард Прибе“ – истакна Османи. Тој додаде дека МВР, Министерството за Правда, но и работната група која беше посветена на овие реформи постигнаа голем успех, изготвувајќи квалитетни реформи кои суштински соодветствуваат со препораките и забелешките од кои произлегува потребата за реформи.

Вицепремиерот Османи се осврна и на предизвиците кои нѐ очекуваат во 2018 година како историска година на можности за конечно да ги затвориме прашањата за ЕУ и НАТО. „Имаме добра основа да се надеваме дека 2018 година ќе го затвориме прашањето за европските интеграции, што значи да ги отвориме преговорите за членство во Европската Унија. Ова е најважниот предизвик за 2018 година, кој мора да го дочекаме подготвени и како Секретаријат за европски прашања, како граѓански сектор чии фокус се европските интеграции, и воопшто, како општество кое цели кон европските вредности.“ Тој додаде дека Секретаријатот за европски прашања, како институција која е најодговорна да го води процесот на преговори, имаа обврска да го дочекаат евентуалниот старт на преговорите со подготвен тим, структура и администрација која ќе може да се носи со предизвикот на преговорите.  

Едукативната дебата е во организација на Здружението на граѓани за истражувања, анализи и развој на јавни политики „ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии“, а учествуваат претставници на граѓанскиот сектор во Македонија.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ:МАКЕДОНИЈА И КОСОВО ДЕЛАТ ИСТА ЕВРОАТЛАНТСКА ОРИЕНТАЦИЈА
ОСМАНИ: ПОТРЕБНО Е УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА И РАЗМЕНА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЗАСЛУЖУВААТ МЕСТО ВО СТРАТЕГИЈАТА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВЕНА ЌЕ ГИ ДОЧЕКА КЛУЧНИТЕ ДАТУМИ ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ ВО 2018 ГОДИНА
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА НО И ОБВРСКА ДА СТАВИМЕ ТОЧКА НА ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.