ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА НАПРЕДОК ВО ИНТЕГРАЦИИТЕ КОН ЕУ И НАТО
11:16, петок, 15 декември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со италијанските сенатори Ванино Кити и Пјетро Лиуци, кои се и претставници на Комисијата за европски политики на Сенатот на Република Италија.

За време на средбата се разговараше за евроатлантските перспективи на нашата земја како и за билатералната соработка помеѓу двете земји. Вицепремиерот Османи изрази благодарност за досегашната поддршка од страна на Република Италија за нашите евроатлантски аспирации како и за поддршката на Италија за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ како основа за регионалната стабилност. Во таа насока беше констатирано дека Република Македонија заслужува напредок во приближувањето кон Европската Унија и НАТО, а соодветно на успехот во отстранувањето на пречките на тој пат, и отпочнување на преговорите за членство во Унијата и покана за членство во Алијансата.

„Улогата на Европскиот парламент, но и на националните парламенти, е клучна за процесот на проширување на Унијата. Резолуцијата усвоена во италијанскиот парламент, која ја обврзува Владата активно да учествува во забрзувањето на процесот на проширување претставува јасно изразена поддршка.“, истакна Османи.

Османи изрази благодарност и за одличната организација на Самитот на Премиери на земјите од Западниот Балкан во Трст пред неколку месеци, на кој, како дел од Берлинскиот процес, беа најавени значајни средства за поддршка на Коридорот осум во Македонија.

„Финансиската помош што беше најавена во Трст пред неколку месеци беше потврдена пред само два дена, во Франкфурт, каде Управувачкиот Комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и формално ги одобри седумдесетте милиони евра за пругата кон Бугарија, но и за Основниот проект за автопатот од Скопје кон Косово“ – истакна Османи.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.