ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ ЗА ПОДДРШКАТА НА ЧЕШКА ЗА НАШАТА ЕВРОАТЛАНТСКА ИДНИНА КОЈА ЈА ОЧЕКУВАМЕ И ВО ИДНИНА
18:20, четврток, 07 декември 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со Амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, евроинтегративниот процес на Македонија, како и за поддршката на Чешка за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. Билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка  од страна на двајцата соговорници беше оценета како солидна. Двајцата соговорници изразија надеж дека успешната билатерална соработка ќе продолжи и понатаму и  дека истата ќе се продлабочи.

Во поглед на евроинтегративниот процес на Македонија, Османи изрази задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Чешка, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група. Османи му го презентираше на Томан  Планот 3-6-9, и  посветеноста на Владата во целост да ги реализира сите препораки, барања и забелешки од страна на европските пријатели. Планот 3-6-9 претставува единствена целина на неговите три дела и во него се имплементирани  сите релевантни забелешки и препораки кои се нотирани како пречка за нашите евроатлантски интеграции. 

“Имаме кратки рокови, времето е сериозен фактор, но Владата и останатите институции се  силно посветени на реформите и навреме ќе ги испорачаат ветените резултати.”-истакна Османи. Тој додаде дека и Владата и граѓаните очекуваат конкретни чекори од старана на Унијата во насока на нашето приближување кон Европската Унија.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.