ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба на Заменик Претседателот Бесими со делегација амбасадори на ОБСЕ
14:59, четврток, 12 септември 2013

Денес, заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, д-р Фатмир Бесими оствари неформална средба со амбасадорите на земјите членки на ОБСЕ.

Средбата се организираше во рамки на тридневната посета на Република Македонија, која претставува дел од редовните неформални амбасадорски посети на регионите каде ОБСЕ има свое присуство. Целта на посетата е евалуација на досегашните активности на организацијата, развојот на регионот и односите меѓу државите, како и можностите за продолжување на соработката меѓу ОБСЕ и Република Македонија , согласно националните приоритети и интереси на земјата.

Заменик претседателот Бесими ги информираше присутните за статусот на реализација на приоритетите од Пристапниот Дијалог на Високо Ниво како и за останатите реформски процеси важни за евроинтегративниот процес, осврнувајќи се особено на активностите кои се преземаат за слободата на изразување, изборниот процес, реформата на јавната администрација, имплементацијата на Охридскиот Рамковен Договор и намалувањето на невработеноста.

На средбата беше истакната подршката од страна на земјите членки на ОБСЕ за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, задоволство од постигнатите резултати, а воедно земјата беше охрабрена да продолжи со натамошното спроведување на Охридскиот рамковен договор и унапредувањето на меѓу-етничките односи.

Вицепремиерот Бесими се заблагодари на досегашната помош на ОБСЕ во областите од нејзина надлежност, а како области каде соработката би можела да продолжи беше посочена изборната реформа, унапредувањето на меѓуетничките односи и процесот на помирување, реформата на полицијата и казнената политика, заштитата од дискриминација итн.

 

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.