Новости
сабота, 11 ноември 2017 13:03
Заменик Претседателот
на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Министерката
за европска интеграција на Косово, Дурата Хоџа.
На средбата беше
потенцирана заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот,
како и соработка во оваа насока меѓу двете земји. „Македонија и Косово ја имаат
истата цел- пристапување во ЕУ. Верувам дека можеме да се поддржиме во процесот
на интеграција во ЕУ со континуиран, отворен и конструктивен дијалог“, истакна
Османи на почетокот на средбата. Во тој контекст, Вицепремиерот Османи ги
понуди искуството и знаењата кои Македонија ги стекна во делот на спроведување
на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со директна соработка и
експертска помош, нагласувајќи дека Косово ќе ја добие целосната поддршка од
стана на Македонија за нивните евроатлантски аспирации.