ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба со Лоазо, Министер за европски прашање при МНР на ФР ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ВИЗИБИЛНОСТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАКОН ЕУ И НАТО
12:31, понеделник, 23 октомври 2017

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на работната посета во Париз, оствари средба со Министерката за европски прашања при Министерството за европа и надворешни на Франција, Натали Лоазо

На средбата Вицепремиерот Османи и Министерката Лоазо разговараа за процесот на евроатлантските интеграции на земјава, како и за билатералната соработка меѓу двете земји.

Османи ја информираше Лоазо за текот на спроведувањето на Планот 3-6-9 и посочи дека имплементацијата на првиот дел од Планот -  Делот 3 е при самиот крај, при што над 80% од мерките се веќе реализирани, додека на останатите 20% сѐ уште се работи. Тој додаде дека кредибилните локални избори претставуваат Круна на делот 3 од Планот 3-6-9, и со оглед на оценките кои за изборите од страна на ОБСЕ-ОДИХР, а кои беа потврдени и од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, имавме фер услови за натпревар, мирен изборен ден, нешто што очекуваме да се повтори и во вториот круг во недела.

Османи посочи и на отстранувањето на бројните политички пречки кои ѝ стоеја на Република Македонија на патот на евроатлантските интеграции, како што е Договорот за добрососедство со Бугарија, новиот предлог закон за употреба на јазиците, како и отпочнувањето со мерките за градење доверба со Република Грција. Со тоа, истакна Османи, Владата и на дело ја потврди декларативната посветеност кон европските и евроатлантските интеграции, за што доби и јасна поддршка од граѓаните на изборите кои се во тек.

Вицепремиерот Османи изрази задоволство од досегашната поддршка од Франција за интеграција на земјава во ЕУ и НАТО, како и позитивната улога на земјата во интеграцијата на земјите од Западен Балкан. „Согласно успешното спроведување на обврските од страна на Република Македонија, очекувам и конкретни чекори од страна на Европската Унија, како и од земјите членки на унијата, кои би биле во насока на зацврстување на европските перспективи на Република Македонија и визибилност во напредокот кон ЕУ и НАТО“ – истакна Османи. Тој ги повтори амбициите на Владата, до крајот на годината, на декемврискиот Самит, да биде отстранета условеноста на препораката, натаму позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во Април, наредната година, како и добивање на датум за почеток на преговорите до крајот на наредната година. За ова, Османи побара и конкретна поддршка од Франција во овој процес, како поддржувач на политиката на проширување на ЕУ, при што посочи дека очекува да ја искористи својата улога во системот на одлучување на Унијата за дополнително да се забрза одблокирањето на процесот.

Во рамките на посетата на Франција, Вицепремиерот Османи ќе оствари средби и со Емануел Ленан, советник во Кабинетот на Премиерот Филип, како и со Сабине Тилае, Претседател на Комисија за европски прашања во Националното собрание. При крајот на посетата, во агендата на Османи е предвидена средба и со Бертранд Соре, Претседател на Француско-Македонската група во Националното Собрание на Франција.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи - Иванов ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО ВО 2018 ГОДИНА
Средба Османи - Калавера во Брисел ОСМАНИ: СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА МАСТЕР ПЛАНОТ ОЧЕКУВАМ ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СРЕДСТАВАТА ОД ИПА
ОСМАНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО БРИСЕЛ ОСМАНИ: „ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9 ВОДИ КОН ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“
Османи и Димитров во Брисел на средба со Могерини ОСМАНИ: БЕЗ МАКЕДОНИЈА НЕ Е МОЖЕН КРЕДИБИЛЕН ПРОЦЕС НА ПРОШИРУВАЊЕ НА УНИЈАТА
Османи и Димитров во Брисел на средба со Јоханес Хан ОСМАНИ: ВО 2018 ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА КОНЕЧНО ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.