ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Пред посетата на Париз, Османи на средба со Тимоние
13:18, среда, 18 октомври 2017
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со Амбасадорот на Република Франција, Кристиан Тимоние.

Главна тема на средбата меѓу Османи и Тимоние беше претстојната посета на Османи во Париз, каде Вицепремиерот ќе се сретне со Министерката за европски прашања при Министерството за надворешни и европски работи на Франција, Натали Лоазо, потоа со Емануел Ленан, советник во Кабинетот на Премиерот Филип и со Сабине Тилае, Претседател на Комисија за европски прашања во Националното собрание. Османи посочи дека на средбите ќе разговара за процесот на европска интеграција на земјава, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и отстранувањето на политичките пречки кои ѝ стоеја на Република Македонија на патот на европските и евроатлантските интеграции. Османи на Тимоние му посочи дека во Париз ќе се заложи за  конкретни чекори од страна на Франција и останатите земји- членки на Унијата, а кои ќе бидат во насока на визибилноста на европските перспективи на Република Македонија.

Вицепремиерот Османи и Амбасадорот Тимоние на средбата ги отворија и актуелните теми, особено во однос на спроведувањето на локалните избори. Соговорниците оценија дека изборите поминаа во најдобар ред, што беше потврдено и од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР и другите релевантни набљудувачи на изборите, кои, излегоа со оценка дека имаше фер, кредибилни и веродостојни избори, како во делот на организација на изборниот ден, така и на делот во предизборието, во кое партиите и кандидатите имаа можност слободно да ги промовираат своите програми, политики и квалитети.
Сподели ја содржината!
Вести
Брифинг на Бујар Османи во Секретаријатот за европски прашања на тема Планот 3-6-9+ ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е ШИРОК ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ОД ПЛАНОТ 3-6-9
Средба на Јоханес Хан со Османи, Спасовски, Саљији и Манчевски ОСМАНИ: ПЛАНОТ 3-6-9 Е ЗАОКРУЖЕН И ВО ЦЕЛОСТ ЈА ИЗРАЗУВА РЕФОРМСКАТА ОБВРСКА НА МАКЕДОНИЈА
Средба Османи - Иванов ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО ВО 2018 ГОДИНА
Средба Османи - Калавера во Брисел ОСМАНИ: СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА МАСТЕР ПЛАНОТ ОЧЕКУВАМ ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СРЕДСТАВАТА ОД ИПА
ОСМАНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО БРИСЕЛ ОСМАНИ: „ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9 ВОДИ КОН ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.