ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ ВО САЛЦБУРГ: ЦЕЛИОТ БАЛКАН Е ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЕВРОПСКИ ОПТИМИЗАМ КОЈ Е ПРИСУТЕН И ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА УНИЈАТА
19:32, недела, 24 септември 2017
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи присуствуваше на Тринаесетата конференција на европски градови и региони на тема „Наредната генерација на нови земји - членки на ЕУ“, во организација на Институтот на Регионите на Европа, што се одржи  во Салцбург, Австрија.

На конференцијата се говореше за перспективите на земјите од Западен Балкан во контекст на политиката на проширување на ЕУ, при што, носечки говорник на конференцијата беше самиот Еврокомесар за проширување, Јоханес Хан. Наспроти Еврокомесарот, како панелисти учествуваа и заменик- претседателите на влади и министри задолжени за европска интеграција кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан, образложувајќи ја притоа секој од нив состојбата со евроинтегративните процеси во сопствената земја, виз-а-ви процесите во регионот.

На почетокот од коференцијата, Вицепремиерот Османи, заедно со останатите министри од регионот задолжени за ЕУ остварија неформална средба со Еврокомесарот Хан, на која секој од министрите имаше простор за размена на мислења со Еврокомесарот, но и со останатите минстри.

На средбата, Османи го информираше Еврокомесарот за напредокот на Република Македонија во откочувањето на евроинтегративните процеси, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот на земјава во односите со соседите. Во истата насока, Вицепремиерот Османи ги реафирмираше позициите дека Македонија останува посветена на процесот и натаму, и дека очекува таа посветеност да резултира со соодветен одговор и од страна на Унијата.

Вицепремиерот Бујар Османи имаше и свое обраќање на самата конференција, каде се осврна на најголемите предизвици за реформирањето на земјата по промената на власта. „Централна точка на новото политичко мнозинство, а со тоа и на нова Влада, се реформите и посветеноста кон евроинтегративните процеси.“ – истакна Османи.

Тој додаде дека во првите 100 дена, членството во ЕУ било врвен приоритет за Владата, за што бил изготвен и Планот 3-6-9 во кој се содржани сите мерки и активности кои Владата се обврза да ги спроведе во рок од три, шест и девет месеци. Османи посочи дека реформите се спроведуваат според планираната динамика, најавувајќи дека се подготвува и „терен“ за спроведување и на подолгорочни реформи со кои ќе се обезбедат одржливи резултати и ќе се задржи фокусот на Владата кон европските интеграции.

Во своето обраќање, Османи посочи и на напредокот во затворањето на отворените политички прашања. „Со нашиот сосед, Република Бугарија, потпишавме историски Договор за добрососедство, притоа, без присила и без во тоа да бидат вклучени меѓународни посредници, што ќе се согласите, претставува реткост на Балканот“, изјави Османи во своето обраќање. Тој додаде и дека во првите 100 дена Владата со консензус го донесе и предлог – законот за употреба на јазиците, со што се отпочна процесот на затворање и на едно од најтешките внатрешни политички прашања кои произлегуваат од Рамковниот договор.

Османи изрази задоволство и од досегашниот тек на Берлинскиот процес, и истакна дека очекува позитивен импулс и од самитот во Лондон, во согласност со интересите на сите земји кои се засегнати од процесот. „Напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси не го гледам како изолиран случај на Балканот, туку како составен дел од еден нов европски оптимизам во регионот, кој е проширен и во земјите членки на Унијата“ истакни при крајот од своето обраќање Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба со Лоазо, Министер за европски прашање при МНР на ФР ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ВИЗИБИЛНОСТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАКОН ЕУ И НАТО
Пред посетата на Париз, Османи на средба со Тимоние
ОСМАНИ: НАЈНОВИТЕ ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ПРИБЕ ВО ЦЕЛОСТ ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО ПЛАНОТ 3-6-9
ОСМАНИ ВО САЛЦБУРГ: ЦЕЛИОТ БАЛКАН Е ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЕВРОПСКИ ОПТИМИЗАМ КОЈ Е ПРИСУТЕН И ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: СОГЛАСНО РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС И ПОЗИТИВНАТА КЛИМА ОЧЕКУВАМ ЕУ СООДВЕТНО ДА РЕАГИРА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.