Новости
сабота, 16 септември 2017 10:38
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, одржа состанок со новиот постојан претставник на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери.
На средбата Вицепремиерот Османи му го презентираше на Атебери Секретаријатот за европски прашања, нотирајќи ги надлежностите на Секретаријатот и својата политичка агенда. Тој го посочи моменталниот фокус на Владата на РМ, но и на СЕП, во подршка на реформискиот процес преку Планот 369 и Мастер планот за ИПА.
Постојаниот претставник на УСАИД, Атебери, пред Вицепремиерот Османи го презентираше портфолиото на УСАИД со сите области и конкретни проекти што се спроведуваат во Република Македонија и притоа потенцираше дека УСАИД целосно ја поддржува македонската влада за унапредување на процесите за евро- атлантска интеграција. Атебери истакна дека УСАИД е партнер на Република Македонија во последните 25 години, а главните три области на кои делува УСАИД се демократија и владеење, економски раст и образование во кои се во тек повеќе проекти.
Вицепремиерот Османи и г. Атебери се согласија дека донаторската подршка е секогаш добредојдена во финансирање на реформските процеси на Владата на Република Македонија, заради скапите инвестиции во човечки капитал и инфраструктурата. Двајцата соговорници на обострано задоволство се согласија околу принципите на идната соработка, истакнувајќи ја важноста на донаторската координација која е во надлежност на СЕП.
На крај беше истакнат интересот на двете страни да соработуваат интензивно за наредната Развојна стратегија на УСАИД за Република Македонија која треба да се доврши до крајот на 2017 година а се договорија и за редовната координација и размена на искуства во области каде УСАИД има компаративни предност во испорачување на потребната подршка на РМ .