ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: НЀ ОЧЕКУВА ПЛОДНА СОРАБОТКА СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
16:18, четврток, 14 септември 2017
Денес Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи одржа средба со претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески.

Вицепремиерот Османи и Претседателот Азески разговараа за реформите од План 3-6-9 кои се однесуваат на делот на економски критериуми со чие спроведување ќе се подобри целокупната позитивна клима во економскиот сектор, која ќе биде од полза пред сè за бизнис секторот. Соговорниците продискутираа и за најавената Регионална економска интеграција и за Берлинскиот процес во делот кој се однесува на регионална соработка на стопанските комори. Вицепремиерот Османи како НИПАК даде своја поддршка на иницијативата за Повеќекорисничка ИПА, за проекти за поддршка на Комората.

На средбата, Османи истакна дека за Секретаријатот може да понуди соработка со Стопанската комора со вклучување во работните тела на Спогодбата за стабилизација и асоцијација вклучување во работните групи на Националната програма за усвојување на европското законодавство кои се од областа на економски политики, како и во секторските групи на ИПА. Преку координативните механизми, Стопанската комора и нејзините членки редовно ќе се информираат за можностите за финансирање од програмите на ЕУ. Останува и можноста за заедничко оргнизирање на регионални и меѓународни конференции посветени на унапредување на економските политики.

Двајцата соговорници изразија особено задоволство од можноста за конкретна соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и Стопанската комора во рамките на своите надлежности, која после долго најавување, конечно и реално се оствари.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба со Лоазо, Министер за европски прашање при МНР на ФР ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ВИЗИБИЛНОСТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАКОН ЕУ И НАТО
Пред посетата на Париз, Османи на средба со Тимоние
ОСМАНИ: НАЈНОВИТЕ ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ПРИБЕ ВО ЦЕЛОСТ ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО ПЛАНОТ 3-6-9
ОСМАНИ ВО САЛЦБУРГ: ЦЕЛИОТ БАЛКАН Е ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЕВРОПСКИ ОПТИМИЗАМ КОЈ Е ПРИСУТЕН И ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: СОГЛАСНО РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС И ПОЗИТИВНАТА КЛИМА ОЧЕКУВАМ ЕУ СООДВЕТНО ДА РЕАГИРА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.