ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ПОТРЕБНА НИ Е ПОДДРШКА ЗА ИТНО РЕШАВАЊЕ НА ПРАШАЊЕТО ЗА НАТО
12:42, среда, 13 септември 2017
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новиот Амбасадор на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Вицепремиерот Османи го поздрави интересот на Германија и како и досега дадената поддршка за Македонија во напорите да се врати земјата на евро-атлантскиот пат, што е и интерес на мнозинството граѓани. Османи го информираше Амбасадорот и за неодамнешната посета на Берлин и средбите кои ги оствари во текот на посетата, истакнувајќи дека Германија се покажа како стратешки партнер на Република Македонија во однос на интеграцијата во ЕУ, особено со директната финансиска и техничка поддршка за националните институции.

„Германија ја сметаме за силен поддржувач на политиката на проширување и пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, кое најдобро се покажа со иницирањето на Берлинскиот процес и самитите кои следуваа во Берлин, Виена, Парис и последниот во Трст“ посочи Вицепремиерот Османи, и притоа изрази очекување за продолжување на традиционално успешната соработка и со Амбасадорот Герберих во текот на неговиот мандат.

Вицепремиерт Османи го запозна Амбасадорот Герберих и со Планот 3-6-9 и неговата досегашна реализација, со приоритетите на новата Влада за откочување на процесите на евро-атлантските интеграции на земјата, како и со новиот пристап на водењето надворешна политика за градење на добрососедски односи. Како што истакна Османи на средбата, за тоа говори успешното потпишување на договор за Добрососедство со Бугарија, но и успешната посета на грчкиот министер Коѕијас на Македонија. Тоа, додаде Османи, претставува само  почеток на унапредувањето на односите со соседските земји, што ќе продолжи и во иднина.

„Очекувам во наредниот период, напредок по прашањето за евро-атлантските интеграции и во таа смисла, очекувам поддршка за целосно решавање на прашањето за влезот на Македонија во НАТО“, истакна Османи на срдбата. Тој додаде дека на Македонија и е потребна визибилност на европските перспективи, со цел зацврстување на европската агенда на земјата, како и на регионот.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: БРЕГЗИТ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НЕГАТИВНО НА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ КОН ЗАПАДЕН БАЛКАН
ТРЕТ ЗАЕДНИЧКИ КОМИТЕТ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА ОСМАНИ: РЕГИОНАЛНИОТ ЕВРОПСКИОТ ОПТИМИЗАМ ПРЕТСТАВУВА НЕПОВТОРЛИВА ШАНСА ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ ОД БАЛКАНОТ
ОСМАНИ: ТАРГЕТИРАНАТА ПОДДРШКА НА УСАИД ИМА ВИСОК ИПАКТ ЗА РАЗВОЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОСМАНИ: НЀ ОЧЕКУВА ПЛОДНА СОРАБОТКА СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ КОНКРЕТЕН НАПРЕДОК ЗА НАШИТЕ ЕВРО-АТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.