ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМ ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ И ПЛАНОТ 3-6-9
15:05, среда, 06 септември 2017
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес имаше свое обраќање пред присутните на презентацијата на проектот „PERFORM ON REFORM- Набљудување на напредокот во реформите поврзани со пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ -Скопје во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Вицепремиерот Османи изрази задоволство од иницијативата на Социетас Цивилис и Конрад Аденауер за следење на имплементацијата на Планот 3-6-9, истакнувајќи дека е во согласност и со определбата на Владата за активно вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето политики и посочувањето недостатоци за нивно надминување, а овие две организации досега имаат дадено докажан придонес во развојот и зајакнувањето на граѓанското општество и спроведувањето на реформи.

„Планот 3-6-9, како и целиот процес на европска интеграција, не и припаѓа само на Владата, туку е нешто околу кое треба да се обединат сите, без разлика на личните, партиските или какви било интереси. Сметам дека Планот претставува широка платформа врз основа на која се дефинираат клучните реформски процеси кои имаат за цел враќање на европските процеси и обезбедување на најширока општествена поддршка“, рече Вицепремиерот Османи.

Тој посочи дека Планот кој што го промовираше Владата на 5 јули го опфаќа делот 3, каде што се мерките кои треба да се реализираат до одржувањето на претстојните локални избори, а паралелно во тек е подготовка и на деловите 6 и 9, односно мерките кои треба да се реализираат до Декемврискиот совет на ЕУ и до следниот Извештај на ЕК напролет. „Наша цел е да обезбедиме доволно аргументи за Европската комисија да ја отстрани условеноста на препораката за почеток на преговорите, а потоа заеднички да ги вложиме сите напори и да се движиме кон отворање на преговорите“, истакна Османи.

На крајот од обраќањето, Вицепремиерот Османи изрази очекување од проектот дека ќе го следи, критикува и дополнува работењето на Владата во спроведувањето на реформите, бидејќи е отворена и посветена на унапредувањето на соработката со граѓанското општество. „Се надеваме дека преку заеднички дијалог ќе обезбедиме подобрување на нашата соработката бидејќи, како што реков и на самиот почеток, вашата улога, односно улогата на граѓанскиот сектор е особено важна во однос на придонесот кој може да го дадете во креирањето на политиките, но и со посочување на слабостите во системот“, заклучи Османи.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи - Иванов ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО ВО 2018 ГОДИНА
Средба Османи - Калавера во Брисел ОСМАНИ: СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА МАСТЕР ПЛАНОТ ОЧЕКУВАМ ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СРЕДСТАВАТА ОД ИПА
ОСМАНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО БРИСЕЛ ОСМАНИ: „ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9 ВОДИ КОН ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“
Османи и Димитров во Брисел на средба со Могерини ОСМАНИ: БЕЗ МАКЕДОНИЈА НЕ Е МОЖЕН КРЕДИБИЛЕН ПРОЦЕС НА ПРОШИРУВАЊЕ НА УНИЈАТА
Османи и Димитров во Брисел на средба со Јоханес Хан ОСМАНИ: ВО 2018 ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА КОНЕЧНО ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.