Новости
четврток, 31 август 2017 11:00
Почитувани,
Имајќи предвид дека, во медиумите се појавија одредени нецелосни и нејасни податоци околу имплементацијата на мерките и активностите од Планот 3-6-9, особено во делот на ингеренциите на Министерството за Внатрешни Работи, следи дополнителна информација:
Следејќи ги приоритетите на Владата на Република Македонија за отпочување на реформскиот процес кој ќе овозможи зајакнување на капацитетите на институциите, враќање на демократските вредности и нивно доследно почитување, отворена соработка со граѓанското општество, Министерството за внатрешни работи ја изрази својата подготвеност за активно вклучување во планирање и спроведување на неопходните реформи.
Во таа насока, министерството е носител на активностите кои се однесуваат на:
Имајќи ја предвид широката надлежност на министерството, учесник е и во активностите кои се однесуваат на спроведување на фер и демократски избори, зајакнување на надзорната контрола на Собранието на РМ, зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор, реформи во правосудството. Поточно, Министерството учествува во работните групи за подготвка на Предлог-законот за зашитита на сведоци и Законот за заштита на приватност кои се во надлежност на Министерството за правда. Текстот на предлог-законот за заштита на сведоци е подготвен.
Приоритетите кои се зададени во овие области се од исклучително значење и токму затоа во изминатиот период ресурсите во министерството беа насочени кон нивна реализација.
Притоа, постигнат е следниот напредок:
Приоритет |
Степен на исполнетост |
Процент |
1. Реформа на разузнавачките служби
|
5/6 |
83% |
2.Борба против организираниот криминал |
3/3 |
100% |
3.Миграции |
5/5 |
100% |
|
|
94% |
Приоритет: Реформа на разузнавачките служби
Во овој приоритет се предвидени шест мерки, од кои три се целосно исполнети, а три се во напредна фаза и ќе бидат завршени во предвидениот рок.
Статус: Директорот на УБК редовно учествува на седниците на надзорните тела во Собранието, во тек е подготовка на сеопфатна дебата во Собранието.
Статус: Во тек е подготвка на работната група која ќе биде задолжена за реализација на оваа активност.
Статус: Правните акти неопходни за функционирање на овој центар се изработени, обезбедени се соодветни простории, направена е оценка за подготвеноста на инситуциите за операционализација. Во тек е техничко опремување на просториите.
Статус: Моделот е дефиниран, подготвена е информација и е доставена до Владата.
Статус: Владата ги донесе одлуките за формирање на Комитетот и именување на членовите.
Статус: Владата ги донесе одлуките за именување на координатор и заменици.
Приоритет: Борба против организираниот криминал
Статус: Се започна со планирање на мерки за зајакнување на ова одделение.
Рокот е септември 2017 година.
Статус: Владата усвои информација за потребата од подготовка на стратегија и го овласти министерот да превземе активности за формирање на работната група. Активностите се во тек. Рокот е септември 2017.
Приоритет: Миграции
Статус: Тимот е формиран, преговорите се започнати. Координативен останок ќе се одржи на 15 септември 2017 година.
Статус: Испратено е барање за одржување на состанок.
Статус: на иницијатива на МВР на 13 и 14 септември ќе се одржи регионална работилница со преставници на Србија и Грција, по што ќе се започне со формализирање на единицата.
Статус: Работилницата ќе се одржи во текот на ноември 2017 година.
Статус: Предлог-законот е подготвен.