ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ФРАНЦИЈА НОСИ ПОСТОЈАН ЕКСПЕРТ ВО СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
10:05, понеделник, 28 август 2017
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

На средбата Вицепремиерот Османи изрази задоволство од досегашната работа и помош која ја обезбеди присуството во Секретаријатот за европски прашања на францускиот експерт за европски прашања, г. Бертранд Милет, кому му истекува мандатот. „Иако сме свесни дека изминативе две години г-нот Бертранд работеше во услови на длабока политичка криза во Македонија, сепак неговиот ангажман имаше важна улога во градењето на капацитетот на Секретаријатот“ – истакна Османи на средбата.

Францускиот амбасадор изрази задоволство од успешната соработка на Секретаријатот со францускиот експерт и најави дека со завршувањето на мандатот на г. Бертранд Милет, Франција ќе обезбеди присуство на нов експерт за европски прашања, што претставува директна политичка поддршка од страна на Франција. Новиот експерт ќе биде ангажиран целосно и ќе бидат направени сите подготовки на линија на препораките од извештајот на Бертранд ,со цел, Македонија полесно и поефикасно да се посвети на предизвиците кои стојат на патот на приближувањето на земјата до Европската унија.

Вицепремиерот Османи му ја претстави на г-нот Тимоние новата политичка клима во Република Македонија и посветеноста на новата Влада кон европскиот пат. Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка и се согласија дека добрите односите меѓу Република Македонија и Република Франција мора да продолжат и во иднина.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.