ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба Бујар Османи – Михаел Рот во Берлин ОСМАНИ: ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА ЗАТОА НАША ЦЕЛ Е ДА БИДЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
17:16, среда, 16 август 2017

Денес, среда, 16 август, во рамките на посетата на Германија, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Михаел Рот, Државен Министер за Европа во рамките на Министерството за надворешни работи на Германија.

На средбата, Вицепремиерот Османи изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија за европските интеграции на земјите од Западниот Балкан, особено истакната преку иницијативата на „Берлинскиот процес“, но и за директната билатерална поддршка што Република Македонија ја добива од Германија. "Во таа насока, Ви ја пренесуваме иницијативата на нашата Влада за создавање на стратешко партнерство меѓу Република Германија и Република Македонија, со што вашата поддршка би добила и формална суштина" - истакна Османи, додавајќи дека стратешкото партнерство би било особено важно за забрзување на европските и евро-атлантските интегративни процеси во Македонија.

На средата, Вицепремиерот Османи ја претстави новата политичка состојба во Република Македонија во однос на посветеноста на земјата кон реформите, но и кон отстранувањето на сите останати пречки кои ги попречуваат нашите европски и евро-атлантски интеграции. На Министерот Рот, Османи му ја презентира имплементацијата на Планот 3-6-9 и ја повтори посветеноста на Владата за целосно спроведување на сите потребни реформски приоритети за кои Владата презеде обврска да ги спроведе.  Покрај имплементацијата на реформите, Османи посочи и на затворањето на две од трите клучни политички прашања кои претставуваа пречка за нашите европски интеграции: потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, за кој постои политичка волја да биде ратификуван во Парламентот; како и усвојувањето на новиот предлог - закон за употреба на јазиците од страна на Владата, за кој исто така се очекува да биде изгласан и во Собрание.

„Отстранувајќи ги останатите пречки на патот на нашите европски и евро-атлантски интеграции, Македонија останува соочена со спорот околу името на нашата земја со Грција, за чие решавање, како Влада но и како држава ние потребна помош. Затоа сакам отворено да побарам вклучување на Германија во решавањето на овој спор, ако една од највлијателните земји членки на Европската Унија и НАТО“ – истакна Османи. Тој додаде дека се работи за спор кој е предимензиониран поради неговото долго опстојување, и дневно-политичко злоупотребување, и  кој предизвикува длабоки емотивни реакции кај двете страни, што го отежнува неговото решавање.

Средбата со Државниот Министер за Европа, Михаел Рот е централна средба на Вицепремиерот Османи, при неговата денешна работна посета на Берлин. Во останатиот дел, Вицепремиерот се сретнува со повеќе високи претставници на Германската држава, како и влијателни претставници на невладини организации и тинк-тенкови од Германија. На средбите, Вицепремиерот Османи ги преставува политичките состојби во Република Македонија, а од германските претставници ќе побара поддршка за нашите европски и евро-атлантски аспирации.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.