ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба на Бујар Османи со претставници на фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт во Берлин ОСМАНИ: КОНРАД АДЕНАУЕР И ФРИДРИХ ЕБЕРТ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО ИЗГРАДБАТА НА КОНСЕНЗУС ПО ПРАШАЊАТА ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
14:04, четврток, 17 август 2017
Во рамките на посетата на Берлин, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари поединечни средби  со Александар Калвајт, раководител за меѓународна соработка при фондацијата Фридрих Еберт и со Ларс Хансел, раководител на Одделот за Европа при Фондацијата Конрад Аденауер.

На средбите, Вицепремиерот Османи размени мислења со претставниците на фондациите околу политичката состојба во Македонија, како и можностите за унапредување на граѓанското општество, институциите, социјалниот развој, меѓуетничките односи, човековите права,  приближувањето на македонското општество до вредностите не Европската унија итн. Османи посочи на долгогодишното присуство во Македонија на фондациите, преку кое е изграден нераскинлив дел со политичкиот и општествениот развој на Македонија.

Во продолжение, Вицепремиерот Османи ги запозна претставниците на Фондациите за новиот политички импулс во Македонија, фокусот кон европските и евро-атлантските интеграции на новата Влада, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и новиот политички моментум создаден по потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на новиот предлог-закон за јазиците. Во таа насока, Османи побара и од двете фондации, да се вклучат, со својот авторитет и експертиза, како во асистенција на Владата при имплементација на реформите, така и директно кај политичките партии од сите страни на политичкиот спектар, особено за прашањата за кои е потребен консензус. 

Вицепремиерот задолжен за Европски Прашања Бујар Османи имаше работна посета на Берлин, каде се сретна Државниот министер за Европа, Михаел Рот, како и со повеќе високи претставници на Германската држава, претставници на влијателни невладини организации и тинк-тенкови. На средбите, Вицепремиерот Османи ги преставува политичките состојби во Република Македонија, а од германските претставници побара поддршка за нашите европски и евро-атлантски аспирации.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.