ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Потребна ни е валоризација на напорите за евроинтегративните процеси
12:03, среда, 12 јули 2017

Денес, во просториите на Секретаријатот за Европски Прашања, се одржа средба меѓу Вицепремиерот Бујар Османи и унгарскиот Амбасадор Ласло Иштван Дукс.

На средбата се разговараше за Итните реформски приоритети, содржани во Планот 3-6-9 на Владата, чија реализација е во тек. Вицепремиерот Османи, во контекст на поддршката на евроинтегративниот процес, истакна дека Унгарија е еден од најактивните поддржувачи на Македонија во овој процес. „Оваа Влада ќе биде проактивна и посветена на евроинтегративните процеси, но, соодветно на успешниот процес на имплементацијата на преземените обврски, Владата очекува и конкретни чекори од страна Унијата во насока на забрзување на овие процеси. Поради тоа ни се потребни што повеќе пријатели помеѓу земјите членки на ЕУ, спремни да помогнат во овие наши напори. “, рече Османи, додавајќи дека валоризацијата на напорите на земјата би претставувало значаен импулс и поттик за уште поголема посветеност кон евроинтеграциите.

Вицепремиерот Османи истакна дека покрај континуираното унапредување на политичките односи меѓу двете земји, покрај директната помош на Унгарија во спречувањето и контролата на мигрантската криза значителна е и тесната соработка помеѓу администрациите воспоставена во рамките на договорната соработка, од аспект на искористување на унгарската експертиза во евроинтегративниот процес. Во таа смисла, Македонија гледа на Унгарија како на земја – пријател и поддржувач на евроинтегративните процеси на земјава. 

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ И САЛИЈИ ГО СОБРАА ПРАВОСУДНИОТ ВРВ НА РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПЛАНОТ 3-6-9
рибина во Секретаријатот за европски прашања – „Имплементација на Планот 3-6-9“ Османи: дел од 73-те мерки од планот веќе се реализираа
СРЕДБА ОСМАНИ – МААСИКАС: „Импресиониран сум од посветеноста на Владата да го искористи овој моментум. Да се посвети на реформите и отстранување на останатите пречки на патот кон Унијата.“
Потребна ни е валоризација на напорите за евроинтегративните процеси
ПЛАНОТ 3-6-9 ДЕНЕС ПРЕД АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.