ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Процесот на европска интеграција е откочен, Македонија е на вистинскиот пат
11:19, вторник, 11 јули 2017

Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба меѓу Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.

„Германија е силен поддржувач на политиката за проширување на ЕУ и зачленувањето на земјите од Западен Балкан, што го покажа со иницирањето на Берлинскиот процес, посветен на поврзаност, добрососедски односи, регионална соработка и европска интеграција. Тоа се потврди на последователните самити во Виена и Париз, и ќе продолжи со самитот во Трст оваа недела“, истакна Вицепремиерот Османи. Тој изрази очекување дека на самитот во Трст ќе се зајакне перспективата на Западен Балкан преку поддршката на агендата за поврзување и поддршката на инфраструктурните и проектите за енергетика, во чии рамки очекува и одобрување на нашиот инфраструктурен проект за Коридорот VIII.

Вицепремиерот Османи на средбата го запозна Државниот секретар Рот и со Планот 3-6-9 во кој се содржани Итните реформски приоритети на Владата кои ќе бидат спроведени во претстојниот период. Османи посочи дека спроведувањето на реформите и регионалната соработка за интеграција во ЕУ се двете паралелни траектории по кои се движи работата на новата Влада, и дека враќањето на патот кон ЕУ е неопходно, бидејќи евроатлантските интеграции на земјата остануваат стратешки приоритет на Владата.

Двајцата соговорници се оптимисти дека процесот на европска интеграција на земјата е откочен, и дека со посветеност ќе се надомести изгубеното време, за да продолжи земјата непречено да ги спроведува реформите за интеграција во ЕУ.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ И САЛИЈИ ГО СОБРАА ПРАВОСУДНИОТ ВРВ НА РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПЛАНОТ 3-6-9
рибина во Секретаријатот за европски прашања – „Имплементација на Планот 3-6-9“ Османи: дел од 73-те мерки од планот веќе се реализираа
СРЕДБА ОСМАНИ – МААСИКАС: „Импресиониран сум од посветеноста на Владата да го искористи овој моментум. Да се посвети на реформите и отстранување на останатите пречки на патот кон Унијата.“
Потребна ни е валоризација на напорите за евроинтегративните процеси
ПЛАНОТ 3-6-9 ДЕНЕС ПРЕД АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.