ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Вицепремиерот Османи одржа средби со амбасадорите на Шведска и Швајцарија
12:27, петок, 28 јули 2017

Денес вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи оствари две одделни средби со амбасадорите на Кралството Шведска и Швајцарија.

 

На средбата со Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Теада, се разговараше за континуираната соработка меѓу двете земји. Вицепремиерот Османи нагласи дека е од голема важност што Македонија останува меѓу приоритетните земји за добивање на швајцарска помош. Новата Стратегија на Владата на Швајцарија за Македонија за периодот 2017-2020 година, како што рече Вицепремиерот Османи, претставува додадена вредност на реформскиот процес бидејќи предвидува поддршка во клучни области, како што се демократија, вработување, економски развој, инфраструктура и животна средина,

 

Подоцна, Вицепремиерот Османи одржа и средба со Амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон. Тој изрази задоволство од досегашната соработка на двете земји во евроинтегративниот процес. Османи се заблагодари на поддршката од Шведска за Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, преку разни програми. Шведска, изврши големо влијание врз добивањето препорака за Македонија за отпочнување на пристапни преговори за време на своето претседавање со Советот на ЕУ, како и добивањето на визната либерализација.

 

На средбите, Вицепремиерот Османи накусо ги информираше амбасадорите за последните неколку средби во Брисел и соседските земји, кои беа остварени во насока на откочување на целокупниот евроинтергративен процес на Македонија. Тој се осврна и на Планот 3-6-9, посочувајќи дека веќе постои општествен консензус за содржината, а имплементацијата на Планот е во одмината фаза. Тој им потврди на амбасадорите дека Планот има целосна поддршка и од јавноста и од независните институции кои треба да го имплементираат, но и дека очекува да се создаде и политички консензус, т.е. планот да добие поддршка и од опозицијата.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: БРЕГЗИТ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НЕГАТИВНО НА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ КОН ЗАПАДЕН БАЛКАН
ТРЕТ ЗАЕДНИЧКИ КОМИТЕТ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА ОСМАНИ: РЕГИОНАЛНИОТ ЕВРОПСКИОТ ОПТИМИЗАМ ПРЕТСТАВУВА НЕПОВТОРЛИВА ШАНСА ЗА СИТЕ ЗЕМЈИ ОД БАЛКАНОТ
ОСМАНИ: ТАРГЕТИРАНАТА ПОДДРШКА НА УСАИД ИМА ВИСОК ИПАКТ ЗА РАЗВОЈОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОСМАНИ: НЀ ОЧЕКУВА ПЛОДНА СОРАБОТКА СО БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ КОНКРЕТЕН НАПРЕДОК ЗА НАШИТЕ ЕВРО-АТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.