ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ И САЛИЈИ ГО СОБРАА ПРАВОСУДНИОТ ВРВ НА РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПЛАНОТ 3-6-9
15:35, понеделник, 24 јули 2017
Денес, во просториите на Клубот на пратеници, Секретаријатот за европски прашања и Министерство за правда, организираа работна средба посветена на имплементацијата на реформите од План 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството. Средбата ја модерира Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, како координатор на спроведувањето на Планот 3-6-9, како и Министерот за Правда Билен Салији, одговорен за реформите во правосудството. На средбата присуствуваа и претставници на институциите во чија надлежност е имплементацијата на мерките за правосудството предвидени во Планот 3-6-9.

„Ефикасно, професионално, непристрасно судство е еден од основните предуслови во делот на Политичките критериуми за членство на Македонија во Европската Унија. Но, еднаквата правда за сите, судењето без влијание, судии со висок интегритет и професионалност, судење во разумен рок или ефикасно судство се и основен предуслов за цивилизацискиот развој на нашето општество“ – изјави Бујар Османи на почетокот на средбата. Тој додаде дека од 73 мерки, поделени во 11 тематски области во Планот 3-6-9, дури 13 реформи се од областа на Правосудството, што го покажува приоритетот на реформите во правосудството.

Вицепремиерот истакна дека за содржината на планот 3-6-9 веќе е обезбеден општествен консензус, како и поддршка од меѓународните партнери, додавајќи дека е време за засилена имплементација на Планот.  „Целта на денешнава работна средба е да обезбедиме консензус за имплементација на предвидените мерки во правосудството кои произлегуваат како обврска од Планот 3-6-9, како и координација, надзор и информирање за спроведувањето на реформите.“ – додаде Османи.

На средбата се обрати и министерот за правда Билен Салији, кој објасни дека реформите во судството предвидени во Планот 3-6-9 произлегуваат од забелешките и препораките на Европската комисија, Венецијанската комисија, ГРЕКО, како и Извештајот на групата експерти предводена од Г-нотРајнхард Прибе, но и бројни  други насоки и укажувањата во сите останати извештаи на релевантни меѓународни организации. „Во однос на мерките предвидени со овој план особено би сакал да го нагласам како значајна активност донесувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор,  како документ кој ќе даде целосна и јасна порака за водење на суштински реформи во оваа област, во согласност со препораките на Европската комисија и Венецијанската комисија“ – истакан Салији. Тој додаде дека за оваа цел во Министерството за правда веќе е формирана работна група составена од претставници на судската власт, професори како и претставници на Министерството за правда. Тие, очекува министерот, најдоцна до средината на месец септември треба да излезат со Нацрт верзија на Стратегијата. 

На работната средба учествуваше и Претседателот на судскиот совет, Зоран Караџовски, Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, како и други претставници на правосудните институции.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи - Иванов ОСМАНИ: ПОТРЕБЕН НИ Е КОНСЕНЗУС ЗА РЕФОРМИТЕ ЗА ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО ВО 2018 ГОДИНА
Средба Османи - Калавера во Брисел ОСМАНИ: СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИПА МАСТЕР ПЛАНОТ ОЧЕКУВАМ ЗНАЧИТЕЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА ИСКОРИСТЕНОСТА НА СРЕДСТАВАТА ОД ИПА
ОСМАНИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ЕВРОПСКА ПОЛИТИКА ВО БРИСЕЛ ОСМАНИ: „ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9 ВОДИ КОН ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ“
Османи и Димитров во Брисел на средба со Могерини ОСМАНИ: БЕЗ МАКЕДОНИЈА НЕ Е МОЖЕН КРЕДИБИЛЕН ПРОЦЕС НА ПРОШИРУВАЊЕ НА УНИЈАТА
Османи и Димитров во Брисел на средба со Јоханес Хан ОСМАНИ: ВО 2018 ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА КОНЕЧНО ДА ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО ЗА ЕУ И НАТО
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.