ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ПОДДРШКАТА НА ФРАНЦИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Е ВАЖЕН ИПМПУЛС ЗА ЕВРОИТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
17:36, понеделник, 03 јули 2017

Денес, Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Бујар Османи, оствари средба со Директорката за континентална Европа при француското министерство за надворешни работи, Флоренс Манжин.

На почетокот на средбата Вицепремиерот ја нагласи одличната и блиска соработка на Република Македонија со Република Франција во однос на имплементација на потребните реформи поврзани со евроинтегративниот процес на земјата, која продолжува и понатаму преку амбасадорот Тимоние. Тој истакна дека Франција е многу важна земја членка на Унијата, и од исклучително значење за успешното интегрирање на земјите од Западниот Балкан во ЕУ. Во таа смисла поддршката што новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, ја дава за проширувањето на Европската унија, влева силен поттик за реформските процеси во Македонија, но влева оптимизам и кај останатите земјите од Западниот Балкан.

„Изгубивме премногу време пред вратите на Европската Унија и тоа лошо се одрази на состојбите во Македонија. Сакаме да ја искористиме оваа можност, овој нов моментум кој влева оптимизам во земјава и кај земјите членки на Унијата, и да испорачаме резултат. Ние ќе ја вратиме довербата на граѓаните во институциите, ќе го зајакнеме владеењето на правото и повторно ќе ги увериме меѓународните партнери за нашата вистинска цел која води во патот на кон ЕУ.“ – истакна Османи при средбата.

На крајот на средбата двата соговорници се согласија дека проширувањето на Унијата мора да продолжи и дека Македонија нема друга алтернатива освен евро-атлантската интеграција, притоа, Вицепремиерот Османи побара поддршка за обезбедување конкретни чекори од страна на земјите членки на унијата, кои би претставувале исклучително важен поттик за зачувување и засилување на фокусот кон евроинтегративните процеси.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ И САЛИЈИ ГО СОБРАА ПРАВОСУДНИОТ ВРВ НА РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПЛАНОТ 3-6-9
рибина во Секретаријатот за европски прашања – „Имплементација на Планот 3-6-9“ Османи: дел од 73-те мерки од планот веќе се реализираа
СРЕДБА ОСМАНИ – МААСИКАС: „Импресиониран сум од посветеноста на Владата да го искористи овој моментум. Да се посвети на реформите и отстранување на останатите пречки на патот кон Унијата.“
Потребна ни е валоризација на напорите за евроинтегративните процеси
ПЛАНОТ 3-6-9 ДЕНЕС ПРЕД АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.