ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИ НА ОДВОЕНИ СРЕДБИ СО АМБАСАДОРИТЕ НА ПОЛСКА И ШПАНИЈА
15:06, петок, 30 јуни 2017

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес оствари одвоени средби со амбасадорот на  Кралството Шпанија Н.Е. г. Рамон Абароа Каранза, и амбасадорот на Република Полска Н.Е. Јацек Стефан Мултановски, во Република Македонија.

На средбата со шпанскиот амбасадор, Османи истакна благодарност за поддршката од страна на Кралство Шпанија за евроинтегративниот процес на Македонија, која претставува дополнителен поттик  при спроведувањето на потребните реформи и преземените обврски.  На средбата амбасадорот Каранза ги истакна добрите односи меѓу Република Македонија и Кралство Шпанија со надеж дека тие и понатаму ќе се продлабочуваати ја оцени како позитивна динамичната агенда на новата Влада  како и нејзиниот инклузивен пристап кон граѓанскиот сектор.

Во разговорот со амбасадорот на Полска, Н.Е. Јацек Стефан Мултановски, една од клучните теми за разговор беше досегашната поддршка што Република Македонија во континуитет ја добива од Република Полска, особено во текот на претседавањето на Полска со Вишеградската група. Натаму беше истакната соработката и размената на искуства меѓу двете земји во рамките на Скопската конференција.

 

Османи ги информираше амбасадорите  за идните планови и динамичната агенда која Владата ја има пред себе а како посебен поттик ги нагласи неодамнешните посети на Брисел, вклучувајќи го одржувањето на Комитетот за стабилизација и асоцијација  и средбите со високите претставници на Европската комисија како и посетите на Грција и Бугарија. Исто така беше нагласено дека  по излегувањето од длабоката политичка и институционална криза која владееше изминатиот период земјата има можност да го искористи моментот за забрзување на евроинтегративниот процес.

„Не смееме да дозволиме да го расипеме првиот впечаток, мора да останеме целосно фокусирани во спроведување на итните реформски приоритети и обврските кои произлегуваат од  Пржинскиот договор, како и во понатамошното зајакнување на меѓуетничките односи, преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор. Ги подигнавме очекувањата на граѓаните, сега имаме обврска да ги оправдаме нивните очекувања. Едноставно, мораме да испорачуваме“ - истакна Османи.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ И САЛИЈИ ГО СОБРАА ПРАВОСУДНИОТ ВРВ НА РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПЛАНОТ 3-6-9
рибина во Секретаријатот за европски прашања – „Имплементација на Планот 3-6-9“ Османи: дел од 73-те мерки од планот веќе се реализираа
СРЕДБА ОСМАНИ – МААСИКАС: „Импресиониран сум од посветеноста на Владата да го искористи овој моментум. Да се посвети на реформите и отстранување на останатите пречки на патот кон Унијата.“
Потребна ни е валоризација на напорите за евроинтегративните процеси
ПЛАНОТ 3-6-9 ДЕНЕС ПРЕД АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.