ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба Османи- Пломп: Холандија отсекогаш била еден од најискрените поддржувачи на Република Македонија
16:38, петок, 23 јуни 2017

Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба помеѓу Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и Амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп.

Вицепремиерот Османи потенцираше дека Холандија отсекогаш претставувала еден од нашите најискрени поддржувачи во евроинтегративниот процес обезбедувајќи помош на билатерално ниво за јакнење на институционалните капацитети, финансирање на постдипломски студии, поддршка  на инфраструктурни проекти како и пренесување на искуствата на холандските експерти, за што сме особено благодарни.

Османи го информираше Амбасадорот за идните планови кои Владата планира да ги преземе во однос на адресирање на клучните приоритети и справување со предизвиците кои произлегуваат од реформската агенда на Владата. Заеднички беше констатирано дека е особено важно да се испорачаат конкретни резултати како потврда за посветеноста на евроинтегративниот процес и враќање на состојбите во нормала.

„Важно е да се фокусираме на она што е реално остварливо и да го направиме процесот што е можно поинклузивен за секој да даде свој придонес во остварувањето на крајната цел да станеме член на европското семејство“ – истакна Османи на средбата. Соговорниците констатираа дека се работи за неповторлива шанса која Македонија не смее да ја пропушти и изразија задоволство од реформската посветеност на новата Влада во исполнување на обврските преземени пред меѓународните партнери.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.