ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Тематски консултации со претставници на граѓански организации „ЕУ интеграцијата треба да не обединува сите“
16:00, петок, 23 јуни 2017

Денес во просториите на Владата на Република Македонија се одржа средба со граѓански организации на која воведни излагања имаа претседателот на Владата Зоран Заев и Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи

Средбата претставува уште една потврда дека европската интеграција е важен процес не само за Владата туку и за останатите чинители, особено претставниците на граѓанскиот сектор кои исто така имаат значајна улога во овој процес и можат да дадете особено голем придонес со конструктивни предлози како на најефикасен начин да се спроведат клучните реформи за земјата повторно да се врати на патот кон ЕУ.

„Јас како премиер и Владата што ја предводам сме подготвени да овозможиме услови за ангажман и вклученост на целото општество, во сериозниот реформски процес што го поставивме пред нас. Барам, повикувам, сите во нашата држава, и власт и опозиција, и граѓански сектор, и политичари, секој, да ја увиди и својата личната одговорност, и колективната обврска што ја имаме како граѓани на Република Македонија. Да го обезбедиме неопходниот општествен консензус, за суштинските прашања. Сите да вклучиме во реформата! Акцијата е започната, потребата е огромна!“, рече премиерот Заев.

„Свесен сум за тежината на предизвикот и одговорноста но исто така сметам дека секој од нас треба да го даде својот придонес кон остварување на оваа стратешка цел. Ова треба да биде инклузивен процес на Владата, останатите државни институции, граѓанскиот сектор и опозицијата. Ова е прашање кое треба да не обединува а не да не разединува и затоа верувам дека сите ќе го вложиме својот максимум да ја искористиме оваа позитивна клима и поддршката која ја добиваме од нашите меѓународни партнери особено ЕУ“- подвлече Османи.

Вицепремиерот посочи дека намерата е да се работи на дефинирање на реално остварливи цели на краток рок, за кои постојат реални можности за реализација до одржувањето на локалните избори 2017, односно до октомври, со цел да се отстрани условеноста на нашата препорака за почеток на пристапните преговори. Секако и Европската комисија останува клучен партнер во спроведувањето на реформите и по исклучително важните средби во Брисел минатата недела, сега Комесарот Хан доаѓа во Скопје што претставува одлична можност да се  презентираат и нашите планови по однос на итните реформски приоритети. Утредента, во Македонија пристигнува и Рајнхард Прибе, кој со својот тим ќе даде помош, ќе врши надзор и ќе даде оценка на успешноста во спроведувањето на препораките и забелешките од извештајот кој тој го подготви.

На денешната дебата фокусот беше ставен на областите: Владеење на право вклучително и правосудство, борба против корупција, реформа на разузнавачките служби, реформа на јавната администрација, избори, Собрание и независни регулаторни тела, медиуми и граѓанско општество. Од страна на Вицепремиерот Османи беше истакнато дека Владата планира да ги затвори и последните легислативни обврски кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, со што ќе се затвори важно прашање кое ги оптоваруваше меѓуетничките односи, како важен столб на стабилноста но и важен темел на интегративниот пат на земјата.

Настанот се организираше со цел да се добие инпут од граѓанскиот сектор при формирањето за она што ќе биде приоритет следните месеци за Владата, а произлегува од извештаите на Европската комисија, Итните реформски приоритети, Извештајот на Прибе, препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија итн.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.