ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба Османи-Зулуета: Владата ќе ги адресира клучните забелешки и препораки на ОБСЕ/ОДИХР пред одржувањето на локалните избори
12:36, петок, 23 јуни 2017

Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба помеѓу Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните парламентарни избори, Кајетана Де Зулуета.

Вицепремиерот Османи истакна дека  оваа посета доаѓа во вистинско време за земјата со оглед на тоа што ни претстојат локалните избори кои треба да се одржат во октомври 2017 година и претставува одлична можност да се усогласат клучните приоритети од препораките од извештите на ОБСЕ/ОДИХР кои треба да се адресираат во наредниот период.

„Владата многу сериозно пристапи на забелешките и препораките нотирани во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР изготвен по одржувањето на последните избори.“ - рече Османи. Тој додаде дека Владата веќе изготви план во кој посебно место имаат т.н. итни приоритети на кои Владата ќе се посвети во наредните 3 месеци, т.е. токму пред одржување на локалните избори. „Потребно е да покажеме дека имаме капацитет да спроведеме демократски и кредибилни избори во согласност со меѓународните стандарди што би било уште еден позитивен елемент за придвижување на земјата во процесот на европска интеграција.“ – додаде Османи

Покрај разговорите за изборните реформски приоритети, двајцата соговорници изразија задоволство од новата позитивна клима која владее во земјата и оптимизмот од враќањето на земјата на европскиот пат. Тие констатираа дека новиот позитивен импулс, како во Македонија, така и кај земјите членки на унијата, треба да се искористи за уште похрабар пристап кон исполнување на предвидените реформи и со тоа да се забрзаат процесите на европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.