ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Средба Османи – Мемети: потребно е Владата и Народниот правобранител да ја обноват комуникацијата и да ја зајакнат меѓусебната доверба
18:44, четврток, 22 јуни 2017

Денес во просториите на  Народниот правобранител се одржа средба помеѓу Народниот правобранител Иџет Мемети и Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Акцент беше ставен на темите кои произлегуваат од препораките во извештаите на Европската комисија, Итните реформски приоритети, Извештајот на Прибе и останатите релеванти документи во процесот на евроинтеграција а кои се однесуваат на понатамошно унапредување на автономијата и капацитетите на Народниот правобранител. Притоа, соговорниците ваквите реформи се потребни не само поради потребата од исполнување на препораките, туку и потребата да се возобнови  соработката меѓу Владата и канцеларијата на Народниот правобранител, со цел побрзо и поквалитетно спроведување на потребните реформи и справување со предизвиците.

„Согласно новата агенда на Владата за посветеност кон исполнување на итните реформски приоритети, очекувам Владата набргу повторно да ги преземе сите потребни чекори за да да се воспостави поблиска соработка со  канцеларијата на Народниот правобранител, со цел поадекватно адресирање на отворените прашања и предизвиците со кои се соочува“ истакна Вицепремиерот Османи при средбата.

Во таа насока соговорниците се согласија да работат посветено на реформите и во што е можно пократок рок да ги затворат сите отворени прашања и имплементираат сите препораки кои се обврска на Република Македонија пред меѓународните партнери.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.