ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба Османи- Дончев: Очекуваме Бугарија да стане најважниот промотор на евроинтегративните процеси на Македонија внатре во Унијата
17:30, вторник, 20 јуни 2017

Денес, во рамките на официјалната посета на Бугарија, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со заменик претседателот на Владата на Република Бугарија задолжен за ЕУ фондови и економска политика, Томислав Дончев.

 

Двајцата соговорници разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка како и можностите за поддршка на земјата од страна на Бугарија  во нејзините европски и евроатлантски аспирации. 


„Покрај тоа што сте земја членка на ЕУ и на НАТО, вие сте наш сосед и пред сѐ наш пријател кој ја препознава важноста да се поддржи интеграцијата на Македонија како и на целиот регион на Западен Балкан во Европската унија“ истакна Османи. Тој верува дека претстојното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ во 2018 година треба да се искористи за да се постигне значителен напредок кога станува збор за проширувањето. Османи истакна дека како земја сме подготвени да соработуваме за да ја оствариме таа цел, а од Република Бугарија ја очекуваме најголемата поддршка за тоа.


На состанокот Османи исто така нагласи дека двете земји имаат одлична соработка во програмата за Прекугранична соработка. „Преку ИПА 1 до сега успешно се реализирани околу 100 проекти а исто така и со ИПА 2 продолжува интензивната соработката. На првиот повик од ИПА 2 имаше 210 предлог проекти од кои 44 веќе се во фаза на имплементација“ посочи вицепремиерот Османи


Според Османи, овие бројки покажуваат дека интересот за заеднички проекти меѓу двете земји, интензитетот на соработка и желбата за заеднички иницијативи е на високо ниво и дека и понатаму ќе продолжат активностите за поддршка на одржливиот развој и подобрувањето на квалитетот на животот во пограничниот регион.


Дополнително на средбата беше договорено во наредниот период да се оствари директен контакт на експертско ниво со цел реализација на практична соработка и поефикасна искористеност на ЕУ фондовите.  На крај Османи уште еднаш потврди дека европската интеграција останува стратешки приоритет на земјата, истакнувајќи притоа дека  на Бугарија се гледа како на една од најважните земји промотори на овој процес, внатре во Унијата.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба со Лоазо, Министер за европски прашање при МНР на ФР ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ВИЗИБИЛНОСТ ЗА НАПРЕДОКОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАКОН ЕУ И НАТО
Пред посетата на Париз, Османи на средба со Тимоние
ОСМАНИ: НАЈНОВИТЕ ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ПРИБЕ ВО ЦЕЛОСТ ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО ПЛАНОТ 3-6-9
ОСМАНИ ВО САЛЦБУРГ: ЦЕЛИОТ БАЛКАН Е ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЕВРОПСКИ ОПТИМИЗАМ КОЈ Е ПРИСУТЕН И ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА УНИЈАТА
ОСМАНИ: СОГЛАСНО РЕФОРМСКИОТ ПРОЦЕС И ПОЗИТИВНАТА КЛИМА ОЧЕКУВАМ ЕУ СООДВЕТНО ДА РЕАГИРА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.