ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Средба Османи- Безак: Македонија нема друга алтернатива
12:34, понеделник, 19 јуни 2017

Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба помеѓу Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и словачкиот Амбасадор, Мартин Безак.

 

Вицепремиерот Османи ја истакна важноста на билатералната поддршка како и поддршката на Република Словачка во рамките на Вишеградската група за евроатлантската интеграција на Македонија. „Очекувам во претстојниот период да имаме блиска соработка и да работиме заедно на имплементирањето на сите неопходни реформи поврзани со евроинтегративниот процес, бидјеки Македонија нема друга алтернатива освен членството во евроатлантските структури“. –рече Османи.

 

Османи нагласи дека долгата политичка криза во земјата влијаеше на сите сегменти од општеството вклучувајќи го и темпото на реформите за ЕУ. Тој посочи дека  должност е на Владата  да се фокусира на повторно градење на позитивниот имиџ на државата како и  враќање на демократијата и владеењето на правото.   

 

 

Двајцата соговорници се согласија дека треба да се искористи новиот моментум  и Владата  да се фокусира на реално остварливи цели кои ќе дадат конкретни резултати во процесот на европска интеграција.  

Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок Бујар Османи – Ѓорги Сламков ОСМАНИ: ПОТРЕБНО Е СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЧИЈА ОБВРСКА СЕ ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ПОСВЕТАТ НА РЕФОРМИТЕ
Средба на Бујар Османи со претставници на фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт во Берлин ОСМАНИ: КОНРАД АДЕНАУЕР И ФРИДРИХ ЕБЕРТ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО ИЗГРАДБАТА НА КОНСЕНЗУС ПО ПРАШАЊАТА ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Бујар Османи на одвоени средби со Адреас Гис и Кристоф Бајер во Берлин ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА Е ОД СУШТИНСКА ВАЖНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА И ОЧЕКУВАМЕ ИСТАТА ДА ПРОДОЛЖИ И ВО ИДНИНА
Средба Бујар Османи – Михаел Рот во Берлин ОСМАНИ: ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА ЗАТОА НАША ЦЕЛ Е ДА БИДЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Средба на Вицепремиерот Османи со амбасадорите од земјите на Западен Балкан ОСМАНИ: Европските перспективи претставуваат заеднички интерес кој го обединува Балканот
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.