ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Османи до Тимоние: клучно е да ја отстраниме условеноста на препораката
18:14, среда, 14 јуни 2017

Денес Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи оствари средба со Амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.

 

На средбата Вицепремиерот Османи истакна дека соработката со Франција, која има историски значајна улога во процесот на одлучување во ЕУ, е од голема важност за Македонија, особено отворената поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО.

 

Вицепремиерот подвлече дека  позитивната клима по неодамнешната посета на Брисел, и остварените средби со високите претставници на Европската унија и НАТО, ќе се искористи како дополнителен поттик да се  внесе нова енергија во спроведувањето на европските реформи. „За нас од суштинско значење е да се отстрани условеноста на препораката на Комисијата за отпочнување на преговорите за пристапување “, порача Вицепремиерот Османи. Тој посочи дека треба да се работи заеднички и  посветено со цел да се придвижи Македонија  кон европското семејство со вклучување на сите кои може да придонесат во процесот, секако тука нагласувајќи го и придонесот и континуираната поддршка на претставниците на меѓународната заедница во земјата. Најавената посета на Еврокомесарот Хан и Прибе со неговиот тим според Османи е уште една потврда за обновувањето на реформскиот процес.

 

На крајот од средбата Османи и Тимоние се согласија дека проширувањето на Унијата кон земјите од Западен Балкан мора да продолжи и дека Македонија нема друга алтернатива освен евроатлантската интеграција.

Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи- Пломп: Холандија отсекогаш била еден од најискрените поддржувачи на Република Македонија
Тематски консултации со претставници на граѓански организации „ЕУ интеграцијата треба да не обединува сите“
Средба Османи-Зулуета: Владата ќе ги адресира клучните забелешки и препораки на ОБСЕ/ОДИХР пред одржувањето на локалните избори
Средба Османи – Мемети: потребно е Владата и Народниот правобранител да ја обноват комуникацијата и да ја зајакнат меѓусебната доверба
Средба Османи- Гарет: Македонија и во иднина ќе може да смета на поддршка од страна на Обединетото Кралство за своите евро и евро-атлатските аспирации
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.