Новости
среда, 16 август 2017 10:35
На средбата со Еврокомесарот Хан беше заклучено дека Македонија и другите земји од Западен Балкан се партнери на ЕУ и дека сега е потребна поддршка повеќе од кога било во однос на сигналите и придвижувањето на нејзината интеграција во ЕУ.
Исто така беше разговарано за Итните реформски приоритети што Европската комисија ги бара за да може да ги тргне условите од препорката за почеток на преговорите за членство. Хан нагласи дека претстои многу работа за да се врати земјата на евроатлантскиот пат и очекува новата Влада во еден целосно инклузивен процес да работи на реформите ориентирани кон ЕУ.