ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ЕУ Појадок
13:38, вторник, 09 мај 2017
По повод одбележувањето на Денот на Европа, ЗПВРМ за европски прашања Арбр Адеми денес го одржа традиционалниот ЕУ доручек со амбасадори на земји членки на ЕУ, свои колеги, поранешни вицепремиери и меѓународни партнери.  Свои обраќања пред присутните имаа вицепремиерот Адеми и Амбасадорот на ЕУ во Скопје Самуел Жбогар.   

Двајцата говорници нагласија дека оваа година ЕУ ја одбележува 60 годишнината од потпишувањето на Римските договори. Историски настан кој овозможи формирање на силна и влијателна Унија, во чиј темел се вградени модерните демократски вредности.  
„Искрено се надевам дека предизвиците со кои се соочува денес Европската унија нема да ја загрозат перспективата на нашиот регион односно на Република Македонија. Затоа очекуваме земјите од Западен Балкан да бидат дел од дискусијата на земјите-членки за иднината на ЕУ“ -рече Адеми во своето обраќање пред присутните.   

Вицепремиерот во своето обраќање се осврна и на изминатите две турбулентни години низ кои помина земјата и актуелната политичка состојба. Тој ги осуди нападите на Собранието на Република Македонија и ги окарактеризира како атак врз демократијата, кршење на демократските принципи и загрозување на човечки животи. Се заблагодари на реакцијата од меѓународните стратешки партнери и пријатели и нивната искрена поддршка за излегување од оваа длабока криза.  

„Во вакви времиња, за нас како и за реформите е најважно да остане вратата на ЕУ отворена. Нашата стратешка определба останува членството во ЕУ и НАТО и не размислуваме за ниедна друга алтернатива. Поради тоа треба сите заедно да работиме кон остварување на таа цел“ - истакна Адеми. 
Сподели ја содржината!
Вести
Работен состанок Бујар Османи – Ѓорги Сламков ОСМАНИ: ПОТРЕБНО Е СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЧИЈА ОБВРСКА СЕ ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ПОСВЕТАТ НА РЕФОРМИТЕ
Средба на Бујар Османи со претставници на фондациите Конрад Аденауер и Фридрих Еберт во Берлин ОСМАНИ: КОНРАД АДЕНАУЕР И ФРИДРИХ ЕБЕРТ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ВО ИЗГРАДБАТА НА КОНСЕНЗУС ПО ПРАШАЊАТА ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ
Бујар Османи на одвоени средби со Адреас Гис и Кристоф Бајер во Берлин ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА Е ОД СУШТИНСКА ВАЖНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА И ОЧЕКУВАМЕ ИСТАТА ДА ПРОДОЛЖИ И ВО ИДНИНА
Средба Бујар Османи – Михаел Рот во Берлин ОСМАНИ: ГЕРМАНИЈА МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО РЕШАВАЊЕТО НА ОТВОРЕНИТЕ ПРАШАЊА ЗАТОА НАША ЦЕЛ Е ДА БИДЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Средба на Вицепремиерот Османи со амбасадорите од земјите на Западен Балкан ОСМАНИ: Европските перспективи претставуваат заеднички интерес кој го обединува Балканот
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.