ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Работна средба за европската агенда, Адеми-Жбогар
11:51, четврток, 20 април 2017
Вицепремиерот за европски прашања д-р Арбр Адеми, денес оствари редовна работна средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која се дискутираа повеќе теми од европската агенда на Република Македонија.

На средбата Вицепремиерот Адеми накусо се осврна на политичката состојба во Македонија, и ги поздрави досегашните напори на Унијата за изнаоѓање излез од кризата. Неодамнешните посети на високи функционери на ЕУ се доказ на заложбата и поддршката од страна на Европската Унија за Македонија  и нејзината eвро-атланска ориентација. Адеми нагласи дека е важно, и во услови на продолжена внатрешна криза, да продолжат редовните активности поврзани со имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и реализација на проектите од ИПА програмата.

Притоа, Адеми уште еднаш истакна дека Република Македонија останува на стратешката определба за членство во Европската Унија, бидејќи тоа е желба и интерес на сите граѓани, додавајќи дека обврска на политичките раководства, е да работат на остварување на тие стратешки приоритети и да ја следат волјата на мнозинството граѓани.

Двајцата соговорници се договорија ваквите редовни работни средби да продолжат и натаму, во функција на координација на реформските активности поврзани со нашето идно членство во Европската Унија.
Сподели ја содржината!
Вести
Средба Османи- Пломп: Холандија отсекогаш била еден од најискрените поддржувачи на Република Македонија
Тематски консултации со претставници на граѓански организации „ЕУ интеграцијата треба да не обединува сите“
Средба Османи-Зулуета: Владата ќе ги адресира клучните забелешки и препораки на ОБСЕ/ОДИХР пред одржувањето на локалните избори
Средба Османи – Мемети: потребно е Владата и Народниот правобранител да ја обноват комуникацијата и да ја зајакнат меѓусебната доверба
Средба Османи- Гарет: Македонија и во иднина ќе може да смета на поддршка од страна на Обединетото Кралство за своите евро и евро-атлатските аспирации
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.